Naslovna Zivot Антониа Гиговска откри кој ѝ бил најтежок период од бременоста и дали...

Антониа Гиговска откри кој ѝ бил најтежок период од бременоста и дали некогаш ќе се врати на музиката (ФОТО)

Антониа Гиговска во интервју за ИН ТВ, откри кое е нејзиното хоби. Девојката со ангелски глас која е добропозната на јавноста по нејзиниот извонредно моќен вокал и атрактивен изглед.

Талентираната Антониа Гиговска во едно интервју за ИН ТВ за гледачите открива дека шминкањето е нејзиното омилено хоби.

-Тоа е моето хоби, сакам и да шминкам, но и да правам фризури. Секогаш кога одам кај Даниел, прво 15-20 мин додека тој шминка други девојки, јас го гледам и си ги шминкам сите.

Мајка ми, баба ми, братучетка ми и сите другарки ги шминкам. Тоа е моето хоби, дефинитивно, покрај музиката, раскажа Гиговска.

Антониа изгледа одлично откако со здрав начин на исхрана и со вежбање дојде до идеалната фигура, а и сега кога е бремена има супер фигура. Таа лани објави слики од одмор , на егзотично место, со многу палми, во бикини.

Сите коментираа дека сликата е преубава освен еден коментар од некој од нејзините следбеници на Инстаграм кој ѝ рече: „Зошто оваа слика е толку уж ас-на?“

Откако минатата есен, по четири години ја прекина љубовната врска со нејзиниот колега Иван Јованов, таа после неколку месеци објави дека е бремена.

Имено Антониа неодамна го прослави својот 22-от роденден во Копаоник заедно со нејзниот партнер, музичарот Роберт Спасенцовски и тогаш заедно ја открија убавата вест.

Антониа пред некое време објави стори на кое вели: Има и вакви денови, а на него се гледа дека таа спие до доцна, тоест до после 14 часот.

Ни една бременоста изгледа дека не е лесна, па и онаа на нашата позната пејачка, која во овој период си дала малку повеќе одмор.

Антониа одлучи повеќе да не настапува и повеќе да се фокусира на идните планови, но и повеќе да одмора за бебето.

Антониа неодамна гостуваше во Подкастот „Тоа е тоа“ кој се емитува на Јутјуб и водителот, кој е инаку актер.

Жарко Спасовски меѓудругото ја прашуваше за Евровизијата со Тамара, за Пинк ѕвездички, а ја праша и дали ги чита лошите коментари за неа на социјалните мрежи, а таа одговори:

-Уф, па кој не ги чита… Читам сѐ, само што не обрнувам многу внимание на тоа што мислам дека не треба да обрнам внимание. Допира, како да не. Има и некои коментари коишто се баш грозни, од вратни.

И јас го имам кажано тоа во едно интервју, сѐ додека не ми ја вреѓаат фамилијата е супер. Кога ќе почне некој да ми вреѓа фамилија, тоа многу ме боли, и не сакам да е тоа така, затоа што јас сум Антониа, а они се моја поддршка, мајката и таткото на Антониа и братот на Антониа.

Антониа на својот профил на Инста и на Фејсбук ја овозможи опцијата за фановите да ја прашуваат што сакаат, а таа доби неколку прашања, кои беа поврзани со бременоста.

„Како оди бременоста? Јас сум 6та недела и имам многу мачнини,“ беше првото прашање кое го сподели Антониа, во врска со оваа тема, а потоа кажа:

-Ако сакаш да те утешам, јас бев у жас.. Најтешкото го пројдов. Со лесно, ќе помине дур трепнеш.

„Дали ќе продолжиш со кариерата и после бременоста и кои се твоите планови?“

-Нормално! Се враќам во моментот кога ќе се почувствуввам спремна. А планови околу музиката имам многу, но сѐ во свое време.

Сега сум посветена на нови песни. Верувам дека сите ќе чекате нешто интересно од мене.

А последното прашање, всушност не беше прашање, туку желба од фан на Антониа да ѝ го види стомакот колку пораснал, па пејачката објави слика со мешето на кое се гледа дека веќе си расте, а Антониа на сликата се гледа дека е многу среќна.