Naslovna Magazin Си личат ли Лепа Брена и сестра ѝ, живеат далеку а едно...

Си личат ли Лепа Брена и сестра ѝ, живеат далеку а едно нешто многу ги поврзува (ФОТО)

Пред извесно време, Лепа Брена беше на одмор во Дубаи, а како и секогаш, пејачката ја користеше можноста да ги сподели своите импресии со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачката отсекогаш имала витка линија и нозе на кои многу жени можат да ѝ позавидат, а покажа и дека тоа не се менува со годините.

Брена сподели фотографија од јахтата на која позираше во едноделен розов и бел костим за капење. Таа врза шал околу половината, така што нејзината вита става уште повеќе дојде до израз.

Во една прилика, таа за себеси раскажа во што е многу лоша. „Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.

Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рече Брена која со Боба Живојиновиќ е долги години во брак. „Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот.

И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.

А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, рече Лепа Брена во една прилика.

Лепа Брена е една од најпопуларните и најдобрите пејачки на овие простори. Таа ретко знае во јавност да го пофали својот сопруг Боба, но кога ќе го пофали, тоа е со многу убав опис.

– Тој е една многу комплексна личност. Тој ги научи нашите деца дека ако сакаат да бидат хедонисти, во тој случај треба да заработат доволно пари за да можат да живеат таков живот“, рече Брена.

Фолк ѕвездата Лепа Брена е една од најпопуларните пејачки на нашите простори, а малкумина знаат дека Брена има брат и сестра кои се талентирани за музика, но не се експонираат во јавноста.

Имено, пејачката е родена како Фахрета Јахиќ, таа е трето и најмало дете, а има постар брат Фарук и сестра Факета.

Денеска сестрата на Брена има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран веќе две децении живеат во Канада и исто како и нејзината сестра има голема љубов кон музиката.

Пејачката е исклучително блиска и приврзана со својата сестра, а кога обврските ќе и дозволат, таа оди во Канада да биде со неа и нејзиното семејство.

– Од кога се сеќавам, нашата мајка прекрасно пееше севдалинки.

Факета, сепак, почна да пее пред мене, потоа брат ми Фарук тоа го направи, а потоа и јас под влијание на професорката по музичко образование Радмила Ќоровиќ – изјави Брена во една прилика.

– Бев хиперактивно дете, па моите родители, како брат ми и сестра ми, ме насочуваа кон спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме во пеењето во хорот.

Пораснавме слушајќи музика од фестивали како Илиџа, фестивал во Опатија, Белградска пролет – изјави пејачката во една прилика за „Стори“.

Брена и сестра ѝ всушност си личат, а сепак се многу различни, а љубовта кон музиката ќе ги поврзува засекогаш.