Манекенката Катарина Ивановска пред некое време објави фотографија на која носеше тенка, транспарентна маичка на која изгледаше како манекенката да не носи ништо под неа.
Речиси на сите им е познато колку е згодна нашата манекенка, но ретко кој ја има видено како мало девојче, но и нејзината мајка, со која многу си личат.
Катарина на својот Инстаграм профил неодамна објави слика со мајка си, а во описот нашиша дека ова е многу драг спомен за неа.
Сите можат да ѝ позавидат на Катарина на нејзината беспрекорна фигура, а таа во едно интервју за НМД.мк откри како ја одржува својата линија и откри што сакала да биде, да не беше манекенка.
-Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи.
И гледано од оваа страна сега никогаш не би се занимавала со политика во Македонија“, рече Катарина а потоа искоментира како ја одржува нејзината линија, и како се грижи за убавината.
-Вежбам секој ден и секој ден различни вежби за да ги разбудам и најмрзливите мускули на телото. Секојдневно пијам различни витамини за кожа, коса, нокти и нормално избегнувам мрсна храна, богата со лоши калории.
Млечни произоди не јадам и леб и сѐ што содржи бело брашно.
Во една прилика Катарина ја прашаа врзано за нејзината добра форма и линија: И во текот на бременоста бевте физички активна и имавте совршена линија. Колку вишок килограми добивте во бременоста и како ги елиминиравте?
– Немав што да елиминирам, бидејќи немав масни наслаги и килограми што се над потребното за здрава бременост. Мојата генетика и овој пат беше мој сојузник. Инаку, морам да ви признаам дека најгурмански се однесував во првите денови од бременоста“, одговори таа за Слободен печат.
„Живеев десетина години во Америка, и тоа патував постојано поради моите модни ангажмани, се вратив во Македонија и имам две прекрасни дечиња.
Не жалам за ништо, но сега кога си размислувам, мислам дека можев уште неколку години да останам во белиот свет, па да се вратам“, рече таа. Потоа зборуваше за соработката со светскиот бренд Victoria’s Secret.
– Не знам какво е чувството да си ангел на Victoria’s Secret. Ќе ги прашаш ангелите, затоа што за жал никогаш не сум била ангел, но имав можност, на мое големо задоволство, снимав за нивниот каталог, рекла Катарина.
Во јавноста веќе одамна се зборува дека кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска се во врска, и после долги шпекулации, двајцата тоа го потврдија кога објавија неколку слики на стори заедно и се појавија на неколку јавни настани.
Иако, на почетокот нивната врска беше во тајност, јавноста после дозна за неа, но сепак парот не се експонираше премногу и ретко објавуваа слики заедно.
По тоа може да се заклучи дека двајцата одлучиле да си го чуваат најубавото за себе. Веќе долго време, тие немаат ништо објавено заедно, а се имаат отследено и од социјалната мрежа Инстаграм, каде и двајцата се секојдневно многу активни.
Катарина моментално ужива со своите дечиња и со нејзините пријатели на скијање и тоа на Попова Шапка. Катарина прво скијала, па се фотографирала и напишала „Да се затвори сезоната.“
Потоа, објави на стори дека седнала на ручек со пријателите и навистина може да се види дека нашата манекенка ужива во животот и во овој момент.
Од друга страна, Перо во последно време објавува слики со неговите синови, а последно објави и фотографија од кафеана со другарите.
Дали парот уште е заедно или е на пауза, останува да видиме..