– Мојот животен век е повеќе во Скопје одколку во Прилеп, ама јас сум горда што зборувам чисто македонски, впрочем Прилеп, Битола, Велес се градовите што го зборуваат правиот македонски јазик, а тоа е привилегија“.
Ова го изјави нашата фолк пејачка Блага Петреска во една прилика, која е легенда на македонаката народна музика долги години.
Блага Петреска е една од нашите најпознати фолк-пејачки,а таа и голем борец за своето семејство, кое е инаку музичко, и сама се грижела за децата откако останала без сопругот.
– Бидејќи работев со најдобрите имиња на музиčката сцена: Јанко Узунов, Милан Завков, Глигор Копров, Томислав Таневски и др, а последните 20 години со композиторот Миле Барбаровски.
А, бидејќи и двајцата сме музички образовани, правевме поиздржани песни со потешки и поспецифични припеви кои можат да ги отсвират само добро потковани музичари со какви што соработував, а тоа беа оркестарот “Македонски Мерак” на чело со Милан Зафков.
Потоа со Ферус Мустафов, а такви има многу малку. Јас кога гостувам некаде самите музичари се бранат и велат дека не ги спремиле моите песни затоа што навистина има мајсторија во песните.
– Јас сум вљубена во Македонија и сметам дека е најубавото место за живеење, почнувајќи од климата, храната, водата, народот, обичаите, се имаме што ни е потребно за живот ама… политиката го раздели народот и многу ми е жал šто го дозволивме тоа.
Самите да бидеме против себе. Време е народот да се свести дека заедно сплотени сме посилни и дека ние треба да направиме нашите деца да се покрај нас, да не ни се иселуваат за да нема ожалостени мајки, татковци, баби, дедовци, да се сите заедно“, рече Блага а пота прозбре за загубата на сопругот.
-Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да не ги повредам моите деца затоа што тие го сакаа многу својот татко.
Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултети и така и бидна.
Децата се гордеаат со мене, а јас со нив. Мојот син, како што каžавте е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто извонредна виолинистка со потекло од Русија (ама сега е права Македонка).
Ќерката и зетот исто среќни живееат во странство и се презадоволни. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала?!
Блага како што рече има две деца, син и ќерка, и четири внуци. Синот Олег Кондратенко е еден од највлијателните македонски музички уметници и работи во земјава, а ќерка ѝ Оља работеше и живееше во странство. Но, како што ни откри Петреска ќерка ѝ се вратила овде во земјава. Сега се сите овде.
– Мојата ќерка се врати со своето семејство и сега сум многу среќна што сме сите тука заедно, вели музичката легенда на народна музика и додава:
Јас сум во постојан контакт со моите четири внуци, додека нивните родители се на работа, баба е овде да зготви и да ги пречека децата, вели пејачката.
Како семејство кое се занимава со музика, Блага за Женски магазин изјави дека слободното време не го користат за дополнително консумирање музика, туку за да разменат мислења и да се дружат како семејство.
– На прашањето за мојата енергија ќе кажам дека човекот се раѓа со енергија, а после е прашање каде ќе ја усмериш енергијата.
Може да биде во позитивен и негативен правец. Јас сум непоправлив оптимист му се радувам на животот и на се што ме опкружува“, рекла таа за Свет Австралија.
Блага Петреска учествува во една реклама за апарат за готвење, и во неа, таа ги покажива своите внуци. Таа во реклалата раскажува дека сака да ги готви сите традиционални македонски специјалитети.
-Овде ќе ставам месо или зеленчук, или некоја чорба, и само ја вклучувам програмата, и имам време да се напијам кафе со пријателка, да прочитам книга.
Апаратот сам си готви. Децата кога ќе ми дојдат, за кратко е готово“, рече пејачката.
Потоа Блага готвеше заедно со нејзините внуци, кои сецкаа зеленчук со неа, па беа заедно на прошетка и откри дека доста време поминува со нив и ужива во тоа квалитетно заедничко време.