Naslovna Zivot За да нема забуни – др. Нико Беќаровски објасни која храна е...

За да нема забуни – др. Нико Беќаровски објасни која храна е кисела, која базна и што треба да се јаде

На социјалните мрежи и медиумите, можеме да видиме многу статии во кои се објаснува која храна е здрава, која предизвикува киселост, што треба да се јаде.

Околу ова, во свој статус на социјалните мрежи, детално објаснување даде познатиот доктор Нико Беќаровски: КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ

„Последниве неколку години, б омб ардирани сме со информации од сите медиуми дека КИСЕЛОСТА на организмот е една од главните причини за настанување на бројни болести, па дури и најопасните како карциномите. Се поголем број на студии ги потврдуваат овие факти.

НО ШТО Е ТОА КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ???

Киселоста на организмот е име за различни состојби кои доведуваат до пореметување на соодносот меѓу киселините и базите во организмот, со што pH вредноста во крвта се поместува кон кисела средина, pH < 7,35.

Киселоста е погоден терен за развој на бројни ензимски процеси и развој на болести. ХРАНАТА и правилното одбирање на прехрамбени производи е еден од клучните фактори за одржување на овој баланс.

Прехрамбените производи се разликуваат во однос на метаболитите кои настануваат по нивното разградување, со што влијаат на киселоста односно базноста на организмот.

Здравиот организам со своите пуферски механизми може долго да ги компензира овие несакани ефекти, но и овој одбрамбен капацитет не е беcконечен.

Заболен организам има драстично намален пуферски капацитет и токму затоа избалансираната храна е есенцијална за опоравување.

Во однос на киселоста што ја предизвикуваат во организмот постојат 5 групи на прехрамбени артикли. Производи кои имаат јако кисело дејство:

ферментирани сирења (едамер, елемталер, гауда, козјо сирење, пармезан); Јајца; Мајонези и индустриски макала; Риба и рибни икри; Месо, посебно мрсно месо и изнутрици (џигер, бубрези итн)

Сите месни производи (колбаси, шунки, печеници…); Рафинирани масла (зејтин, рафинирано маслиново масло); БЕЛ ШЕЌЕР; ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Производи со умерено кисело дејство: Чедар сирење; Харинга, скуша. пастрмка; Ореви и лешници; Кикирики, грав, грашок, соја, леќа; Сите врсти на жито и житни производи; Брусница, сливи, маслинки; Шпаргла

Сокови кои содржат додаден шеќер; Преварено зеленчук; Пивски и пекарски квасец; Црн чај, кафе, алкохол, оцет; Чоколадо, путер, путер од кикирики.

Неутрални производи: тиква; Диња; Ладно цедени масла; Свежо цедени овошни сокови; СУСАМ; Витамински чаеви.

Умерено базни продукти: Бадем, костен, кокос; Млеко, кисело млеко, јогурт, кефир; Бело сирење, кајмак; Шлаг, павлака; Овошје, свежо, сушено; Свежо цедени сокови (освен брусница и слива); Зеленчук, освен шпрагла; Печурки, морски алги; Сончоглед, кафеав шеќер, мед, џем; Пиво, вино (бело и црвено).

Изразито базни прехрамбени продукти: Авокадо; Цвекло; Компир, пиперка, магданос, МОРКОВ; Спанаќ, зелена салата, штавел; Лимон, портокал, цитрони, киви; Лубеница; Сода бикарбона.

Интересно е да се спомне дека со термичка обработка на алкализирачки продукти, како на пример овошје и зеленчук, истите постануваат кисели, ако долго термички се варат.

Според испитувањата на Hay, Shelton и други континуираниот внес на поголеми количини кисели продукти може да биде причинител за појава на болести.

ЗАЕДНИЧКО ОД СИТЕ СТУДИИ Е ПРЕПОРАКАТА ЗА 80% ПРОИЗВОДИ СО АЛКАЛИЗИРАЧКО ДЕЈСТВО И САМО 20% СО КИСЕЛА РЕАКЦИЈА.

Aко Вашата исхрана е богата со продуктии кои имаат кисело дејство, крајно време е да пробате да ја замените со дел од предложените продукти со базно или јако базно дејство.

Урамнотежената исхрана предизвикува подобро чуство, а народната поговорка оправдано вели: ЗДРАВЈЕТО ВЛЕГУВА ПРЕКУ УСТАТА!!!