Омилен кај народот, кај децата и кај возрасните, тоа беше актерот Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади. Роден е на 22 мај 1946, во Скопје, а се упкои на 15 ноември во 2012 во Скопје.
Тој важеше за едно од најголемите македонски глумечки имиња, а неговиот брат е познатиот режисер Коле Ангеловски.
Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец.
Цел живот во Драмски театар – Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.
Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии.
Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија.
Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”.
Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”.
Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мр-то-вци”.
Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски..
Во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу дриги.
Неодамна беше објавено дека по долго време пак се враќа манифестацијата „Глумците пеат“, во чест на упокоениот актер Марин Бабиќ.
-Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата.
Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата. Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме.
Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката.
Оваа година ќе биде на 20 април, во Национална опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26 март, во чест на 27 март, светскиот ден на театарот.
Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти.
Во деновите што следат полека ќе ги обелоденуваме сите информации.
Засега, можам да ви кажам дека со Дејан Пројковски вредно работиме и полека приказната добива лик“, изјавила Маја Бабиќ.
А сега, на Фејсбук профилот на оваа манифестација се појави токму спомен од нашиот актер Дади и на него пишуваше:
– Се започна во далечната 1991, кога група ентузијасти на чело со Марин Бабиќ решија да и покажат на јавноста дека глумците меѓудругото и одлично пеат.
Беше одлучено ова шоу да се одржи во чест на Светскиот ден на театарот, 27 март, но сепак да се случи ден претходно, како најава на празникот на актерите.
Првата „Глумците пеат„ се одржа во Универзална сала на 26 март 1992 година и настапија повеќе од 30 актери од повеќе театри од Македонија од речиси сите возрасти.
Задачата да настапи прв му беше доверена на Владимир Дади Ангеловски, кој ја изведе нумерата „Стариот Пјер„.
Според кажувањата, Дади имал огромна трема, како и сите останати колеги зад сцената. Не било лесно да бидеш прв на првата манифестација.
Кога излегол на сцена, видел дека Универзална Сала е преполна и само што почнал да пее, добил френетичен аплауз, кој продолжил и по настапот.
Аплаузите не престанувале за сите актери понатаму, а по завршувањето на послдната точка, никој од публиката не сакал да ја напушти салата, па актерите одлучиле да повторат некоја од точките на бис.
Така било првата година, се понатаму е историја. Во чест на Дади, човекот кој прв запеал на „Глумците пеат„ ја објавуваме оваа маестрална фотографија, направена на друго издание“.