Тања Кочовска е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела. Во септември минатата година, Тања и Предраг прославија годишнина од брак, на Денот на верата, надежта и љубовта.
Кочовска ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар.
Во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.
-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.
Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред.
Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.
Тања ја раскажа целата своја љубовна приказна со својот колега во Женски магазин, на својот познат хумористичен начин.
– Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира.
Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг.
Таа и Предраг студирале заедно, но почнале повеќе да се дружат кога и двајцата почнале да работата во Тетарот за деца и младинци.
– Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да.
Мислев дека со дете тешко ќе можам да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.
За ќерката на Тања и на Преедраг, Нела, која е иксто така актерка, вака напиша Еспресо.мк
Талентирана, харизматична, амбициозна, израсната во уметничко семејство на родители глумци, баба и дедо прославени музичари, па така, актерската определба на Нела Павловска како природно да ѝ беше запишана во нејзината „натална карта“ и само чекаше да се роди на сцената.
Нела Павловска е штотуку дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности, и голема љубителка на глумачкиот и театарски свет.
Млада актерка со големи сништа и уште поголем карактер. Веќе можеме да ја видиме како чекори на професионалната сцена со улоги во поновите претстави „Чудна случка со кучето во ноќта“ и „Архангелот над Скопје“.
– Преку глумата освестив кај себе некои нови моќи на перцепција, моќ на забележување на помалку забележливи карактеристики кај луѓето, на пример, создавање на нови непостоечки светови, докажување на самата себе дека сè е возможно.
Како да добив моќ да ставам на моменти некакви очила и да го гледам светот со сите нешта во него баш како што јас сакам или како што сака мојата фантазија.
Не е дека сум јас нешто посебна и дека поседувам супермоќи, туку едноставно и на Факултет и надвор од него, занимавајќи се со глумата, научив како да си ги отворам сите чакри во мозокот и внатре во себе..
Да ги складирам нештата во некој фолдер, а потоа, да го отворам фолдерот кога ќе ми затреба за некоја улога. Претходно тоа не сум го правела, или не сум била свесна дека го правам.
Потоа, кажала како е да си ќерка на двајца познати актери:
Зафр кнато е. Искрено, има притисок, има еден вид борба да израснам актерски како свој човек, со свој карактер, со свои ставови.
А сепак, не можам да избегам од моите, како и да е, „скината“ глава на татко ми сум.
Ама, со тек на време си научив да го тргнам тоа од грб“, изјавила за Еспресо Нела.