Naslovna Zivot Новица на Татјана ептен џентлмен, вака се покажа пред жена му и...

Новица на Татјана ептен џентлмен, вака се покажа пред жена му и пред оваа дама, и еве што се напија среде Мелбурн (ФОТО)

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Мелбурн Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана Лазаревска, нашата позната фолк пејачка за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.

Од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија. Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Татјана Лазаревска
Татјана Лазаревска

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна, а Татјана често објавува лајф видеа како настапува.

Кога нејзиниот драг Новица, прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати, а и годините потоа, тие со музика и песна ги славата сите важни поводи.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава за јубилејниот роденден на Новица, според сликите и видеата што ги објави Татјана.

Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска. Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Маријана Новачевска и Татјана ептен се дружат во Мелбурн. Одат задно на ручеци, на кафе, на шопинг, а еднаш објавија и видео како се заедно на плажа.

На новата слика која е објавена од страна на Маријана, Новица се покажал како ептен џентлмен, и двете дами ги однел на ручек за Осми март, денот на жената.

Арно ама, тие ја пиеле познатата македонската пијачка Струмка, среде Мелбурн, што Маријана и го напишала во описот на сликата:

Жени, мајки, сестри, вујни, тетки, мили божици, пријателки златни, да сте ми здрави и живи каде и да сте.

Една честитка од нас со Струмка“.