Naslovna Zivot Добив aвepзиja од 8-ми март: Кристина Арнаудова раскажа искрена приказна за својот...

Добив aвepзиja од 8-ми март: Кристина Арнаудова раскажа искрена приказна за својот живот

Се уште се памети и се пее нејзиниот огромен хит „Прашина“ и тој сѐ уште ги буди сетила кај слушателите. Оваа песна ја испеа рок дивата како што многумина милуваат да ја кажат, Кристина Арнаудова.

– Долго време тоа ме следеше како сенка и веројатно како повеќето што работат со музика, кога ќе им се погоди голем хит, многу ретко се случува тоа да се повтори и потоа во текот на целата кариера некако се трудиш да го направиш тоа.

Јас не верував дека тоа ќе се повтори во мојата кариера, но тоа се случи со мојата песна „Земи ме“ и некако многу позрело ми се повтори, со оглед на тоа што јас сум автор на таа песна, но автор сум и на целиот албум.

Можам да кажам дека ми се случи нешто што ретко се случува, а тоа е да си го повторам успехот со нов хит“, изјавила Кристина во едно интервју за Фешнел, а потоа додала:

– Нема никаква можност да се направи некаква споредба со времињата кога „Прашина“ беше голем хит.

Тогаш секоја телевизија имаше барем по четири емисии, имаше ток шоуа, имаше топ листи, имаше милион места да се промовираш.

Кога ќе објавевме спот, едноставно не можевме да постигнеме да се појавиме секаде. Се сеќавам, дури се случуваше и луѓето од телевизиите да ни се лутат зошто не сме дошли први кај нив.

Сега нема ниту едно место за промоција, дури и тие што ги има, имаат многу мал рејтинг.

Музика ние се трудиме да правиме, ама медиумите се неверојатно мрзеливи, јас не знам друг светски пример на телевизии каде по цел ден се емитува програма на друг, странски јазик, само да не е македонски. Нема воопшто македонска програма.

Потребно е медиумите да си ги сменат уредниците, бидејќи со овие очигледно нешто не е во ред. И да се донесе вистински закон што ќе ги стави во ред, како во сите други земји.

Во овој момент можеби сум и лута, но ако можат сите тие така ноншалантно да уни штат сѐ што правиме ние, да не „зак опаат“ толку длабоко, зборам не само како музика, туку и како македонски јазик и идентитет, тогаш мене воопшто не ми е срам да кажам дека сите тие се за промена“, рекла Кристина.

Едноставно стигнуваш до момент на зрелост кога зборовите и емоциите многу лесно излегуваат од тебе.

Значи воопшто не се мачиш тоа да го направиш, едноставно се случува еден момент, една минута кога наеднаш почнува сѐ да излегува од тебе и почнуваш да запишуваш.

Не за џабе се рекло дека луѓето што се занимаваат со уметност, што имаат некој талент, се допрени од Господ. Не знам како се случуваат инпирациите, но посакувам да ги имам почесто“, додала таа.

Таа сега се занимава со хуманитарна работа, помагајќи на многу семејства, а особено деца со здружението „Проект среќа“.

Кристина Арнаудова била гостинка во Утрински печат- на слобиден печат, и во ова видео интервју зборувала за многу нешта.

Меѓудругото, таа раскажала и своја интересна приказна, која е поврзана со Осми март, но и со нејзиниот живот како помала, и со нејзинит живот сега, кога е мајка.

„8 Март е ден кога жената за првпат ги добила своите права и тоа е многу сериозен празник. Кога бевме мали, нашите баби, мајки и околината многу несериозно го славеа и ние немавме впечаток што е 8 Март.

Па јас со текот на годините добив aвepзиja од денот, и сѐ уште не можам на моите деца да им објаснам што е точно 8 Март и зошто се слави.

Не се чувствувам посебно на овој ден, а би се чувствувала така, кога навистина би биле рамноправни. Жените и мажите како биолошки суштества се толку различни, што никогаш не можат да бидат еднакви.

Се очекува на пазарот на труд да бидеме еднакви, да работиме еднакво, а од друга страна, нашата биолошка функција, како жени, е сосема друга, да создадеме поколение, да родиме деца, да се грижиме за нив, и во целото тоа време да бидеме еднакви и на работните позиции.

Затоа, никогаш не можеме да бидеме еднакви со мажите, секогаш ќе бидеме над нив“ , изјави Кристина.