Naslovna Magazin Сузана Манчиќ за првпат проговори колку ѝ било тешко и која е...

Сузана Манчиќ за првпат проговори колку ѝ било тешко и која е тајната на животот: Не може сѐ да биде во нагорна линија, некаде мора да паднеш (ВИДЕО)

– Психолозите велат дека нашите животи се одредени од нашите стравови. Јас порано се плашев дали професорот ќе ме испраша, дали ќе се запишам на факултет, дали дечко ми ќе ме контактира, дали ќе се омажам, неодамна изјави Сузана Манчиќ, непосредно пред почетокот на новата година.

-Татко ми беше многу строг, не ме пушташе да излезам по 22 часот, а јас се плашев да не задоцнам кога ќе се вратам дома. Но, секогаш има некои стравови, од болест, од напуштање, и јас се борев со многу стравови.

Сузана сите ги изненади кога само неколку дена пред Нова година изјави дека ќе седи дома и нема да слави, освен ако не дојдат кај неа на гости, нејзините пријателки.

– За овој дочек ќе седам сама дома. Ќе се спремам и ќе гледам некоја програма, дури им предложив на другарките да дојдат кај мене да облечат убави фустани и да се забавуваме.

Мојот сопруг отиде на планина и бидејќи е невозможно да се излезе од дома поради снегот, реков дека повеќе нема да одам на Пилион во зима. Накратко ми рече: „Во ред!“

Видете, тоа е освојување на брачната слобода – низ смеа наведува Манчиќ и го изразува остварувањето на љубовта во зрели години.

– Се омажив по втор пат на 61 година. Ја најдов љубовта после многу години, а тоа е зрелоста. На почетокот, разделбата физички ме повреди, но потоа сфатив дека има придобивки.

Кога сме заедно, добро се сложуваме, понекогаш се расправаме, но и тоа функционира, сѐ во својот рок. Разделбата сега нѐ радува бидејќи е убаво и добро да заштедиме малку време само за себе – истакнува Сузана.

Манчиќ гостуваше во најновото интервју на Бекстејџ, а водителот ја претстави како жена која е постојано позитивна и со широка насмевка.

Прашањето што следеше беше, дали својот живот, кога ќе се навраќа наназад би го опишала со бројот 7, како на лото?

-Секогаш седмица, седмицата има некоја посебна магија. Мислам дека тоа е среќен број во секој поглед.

За тоа како се носела со тешките периоди и загубите, Сузана рече:

-Колку сум постара, толку сум и помудра и попаметна. Умеам да почекам да го адаптирам ударот кој ми го носи судбината. Животот никого не штеди, така да често губиме, губиме речиси секој ден, на работа, во љубовта, пријателствата, луѓето, така да тоа мора така да биде, веројатно.

Не може сѐ да биде во нагорна линија, некаде мора да паднеш.

Со кои предрасуди се имате соочено, и која предрасуда најмногу ве има болено, а да не е вистинита, беше следното прашање на водителот, а Сузана одговори:

-Јас од секогаш сум била девојка која била образована, паметна, начитана, добро воспитана, така што прекарот „кукла од насловни страници“ звучи површно и понижувачки, но факт е дека убава и паметна жена треба да биде и успешна жена.

Јас можеби го избрав патот по кој тешко се оди, инаку завршив правен факултет. Пред мене беше правничка кариера. Замислував дека ќе бидам добра судијка, но ете ме повлече сцената, аплаузот и добрите хонорари.

Верувал или не, јас ни сама не можам да поверувам дека наскоро ќе обележам 50 години од мојата кариера.

За тоа кој аплауз најмногу ѝ значи, Сузана рече: „Сѐ уште бевме во Југославија и Харис Џиновиќ излезе со својот најдобар албум со песната „Рано“, која јас ја ставив одма во мојот репертоар.

Гостував во Сараево и јас како што ја пеам „Рано“ влегува Харис Џиновиќ, со брада, со шешир. Тој е мангуп, застана покрај вратата, ја отслуша песната и ми почна да ми аплаудира. Тоа ми беше најдрагиот аплауз досега, морам да признаам.

-Секој има некоја своја тага, тоа е нормално, но јас имам среќа дека ја имам таа благородна природа. Јас навистина се смеам и на проблемите. Насмевката е лековита и кога ти е најтешко, најди начин тоа да го претвориш во шала, тоа е тајната на животот, изјави Манчиќ.