Naslovna Zivot Ја крена во раце и ѝ се заколна на вечна љубов- ова...

Ја крена во раце и ѝ се заколна на вечна љубов- ова е сопругата на пејачот Маријан Стојановски со која има две деца

Маријан Стојаноски е еден од најинтересните ликови на домашната естрада, пејач кој е познат по својот добар глас.

Во последно време, тој не е активен на естрадната сцена, но не ја напушти музиката. Маријан и сега пее, но во хорот на Националната опера и балет.

Маријан во Скопје во 2020 година се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска.

Маријан и Наташа планираа и свадба, но поради пандемијата планоовите мораа да ги одложат.

Во јули во 2020 година, Маријан Стојаноски стана татко, а убавата вест ја сподели на својот Фејсбук со пријателите и со фановите.

Тој преку фотографија на која штрк го носи бебето ѝ посака добредојде на ќерката која ќе се вика Вероника.

Маријан, кој е познат по хитовите „Ненаситен“, „Подарок“, и стиховите „Роденден, мала забава“ кои се пеат на родендени минатата година во декември во 2019 година ја побара Наташа за жена.

„Наташа е Охриѓанка и ја побарав за моја сопруга во интимна атмосфера.

Можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот.“

Вака Маријан ја опиша својата Наташа. На нивната годишнина од бракот, таа го опиша него на начин на кој не го знаеме.

Се чувствувам сакано и благословено. Мојот најдобар пријател, мојата најголема љубов.

Најдобар човек на светот, кој ме инспирира секој ден. Среќна годишнина најдобар сопруг и татко на светот, рече Наташа за Маријан.

Маријан во една прилика ѝ направи изненадување на сопругата која славеше роденден. Тој ѝ го испеа својот голем хит „Роденден“, и објави семејни слики со роденденска торта.

„Среќен роденден моја најмила“, напиша тој до сликите од семејната прослава. А сега, тие се родители на две деца. Во декемеври, во 2021 година се роди нивниот син Петар.

А за Наташа, сопругата на Маријан се гледа колку го сака својот сопруг, таа на насловната фотографија на Фејсбук има слика токму од него.

И тоа од моментот кога ја земал во раце, на денот на нивната венчавка кога како што се гледа била во одмината бременост, и ѝ се заколнал на вечна љубов.