Naslovna Zivot Блазе си ѝ на Гавазова на какво место ужива со ќеркичките, а...

Блазе си ѝ на Гавазова на какво место ужива со ќеркичките, а кажа и дали ѝ помага Јасмин по дома и каков сопруг е (ФОТО)

Сузана Гавазова е една од нашите најинтересни фолкерки, и секако најпопуларни. Таа често на својот профил споделува детали од професионалниот и приватниот живот, но и често можеме да ја видиме како се дотерала за некој настан.

-Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Кај мене кризата воопшто не удри затоа што јас напорно работам и планирам да си купам стан во Скопје, или пак да си направам куќа на село. Веќе си купив стан во Струмица и добро го опремив…

Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.

Инаку, Гавазова додека живееше во Шведска со сопругот Јасмин и ќерките, во едно интервју неодамна потенцираше дека има голема желба да се пресели во Австралија.

-Презадоволна сум од животот во Шведска и супер ми е. И таму пеам и имам настапи, но тоа се случува поретко затоа што нашинците не организираат цело време забави, но кога организираат тогаш сите се весели и играат и пеат со мене.

Покрај Шведска, како втора варијанта за живот би ја одбрала Австралија, тоа е една преубава земја каде има многу Македонци и со задоволство би се преселила таму, нормално, доколку имам добра причина за тоа.

Па во Австралија повеќе се слуша и се цени македонската музика, отколку кај нас во Македонија”, рече Сузе која неодамна промовираше нова песна на српски јазик со која што официјално најави дека планира да го освојува и српскиот пазар, своевремено напиша порталот Убавина и Здравје.мк.

Сузе во една прилика беше заедно со смејството, па бидејќи се собраа сите, таа направи неколку фотографии на Инстаграм за да го овековечи моментот за спомен.

Првин го фотографираше тато, потоа мама и на крај дада. Родителите на Сузе досега сме ги виделе неколкупати, но нејзината сестра не.

-Сестра моја ,напиша Гавазова каде позира убавата дама со која неодоливо личат една на друга. А сестра и на Сузе се вика Катерина, и таа е мажена и има деца.

На Фејсбук профилот на мајката на Сузе, се појавија слики од целото семејство, собрани на гезме, на слава Митровден.

Родителите на Сузе го сакаат Јасмин како свој зет, како и другиот, од ќерката и заедно уживаат во гезмињата и во заедничките моменти.

Гавазова утрово објавила слика со двете ќеркички, се фотографирала посебно со секоја ќерка, а на сликата изгледаат многу среќни.

Посебно внимание привлекува нашата пејачка која изгледа многу подмладено со новата фризура, а во позадина може да се види дворот од раскошна вила. Веројатно тоа е домот на нашата пејачка или таа престојува некаде.

Во новото интервју на Гламур Магазин, Гавазова проговори околу мајчинството, но и за тоа дали Јасмин ѝ помага околу домашните обврски:

-Мајчинството многу ме промени, ме направи подобар човек. Како мајка сум многу посилна, поодговорна, поемотивна, комплетно подобра од сѐ што бев пред тоа.

Голем е предизвикот една жена да се носи со сите обврски кои ги носи секојдневието, но со добра организација сѐ може да се реализира.

Мојот сопруг многу ми помага околу домашните обврски. Тој е грижлив и добар и едноставно сум среќна што токму тој е татко на моите деца.

Јас сум најсреќна кога моите деца се среќни и кога се смеат. Исто така среќна сум и на сцена, кога ги гледам луѓето како се веселат на моите песни, изјавила Гавазова за Гламур.