Naslovna Zivot Жена ми не е самобендисана, која си ти да кажуваш- Константин Плевнеш...

Жена ми не е самобендисана, која си ти да кажуваш- Константин Плевнеш си ја бранеше жена му Маријa (ФОТО)

– Во врска со прашањето за мојата популарност, би рекла дека јас не живеам импровизирано туку сум вистинска, а тоа вистинските луѓе ми е доволно да го препознаваат.

Се гордеам со мојот стил на живот. Свесна сум за себе“, рекла во едно интервју за Еспресо.мк, Марија Пијанманов-Плевнеш, македонската која живее во Париз и е доста актуелна на социјалните мрежи.

– Јас и пред животот на социјалните мрежи, никогаш не сум била анонимна личност, напротив, а од секогаш сум избирлива за сè во мојот живот, па и за луѓето кои ќе ме познаваат.

Свртена сум секогаш кон уметноста која била клучна, со нејзиното спознавање животот да ми се преобрази во бајковита приказна. Никогаш не дозволив мојот дух да потпадне на пров окации, и лош вкус.

Можеби сега е сè испомешано и во овој пластичен ха ос на убавина и раскош, победија ликовите кои ни го обезбедија хао сот, можеби турбофолкери и си тни души кои го изгубиле вистинскиот правец од начелата на вистинскиот живот и вредности…

Како и луѓе кои никогаш немале можност да ме запознаат во живо, скриени зад мобилните екранчиња со завидливи зборови, одлучуваат која сум јас, и сè следат будно. Но, балканскиот синдром е бо лест.

Би рекла дека сум популарна дека изобилувам со природна убавина и силен карактер и не живеам импровизирано, имам свој стил, искрена сум и отворена, и пред сè – многу своја, не ги имитирам останатите, туку остварувам свој автентичен печат.

Каде и да одам луѓето се свртуваат и ми даваат комплименти и овде во Париз.

Јас сум насмеана и среќна жена, го сакам животот и тој за мене е една креација со која вешто управувам. Не сакам здодевни работи и секогаш трагам по нешто најубаво.

Би рекла дека имам добар вкус кој привлекува внимание. Сакам нештата да се единствени, полни со душа.

Секојдневно добивам најубави коментари од многубројни следачи на социјалните мрежи, можеби тие би можеле да ме опишат најдобро преку начинот на кој ме доживуваат.

Имам коментари во кои повеќето девојки кажуваат дека би сакале да се како мене, и ми се восхитуваат на самодовербата, начинот на живот и убавината, на мојот брак и љубовта која ја добивам од сопругот“, изјавила Марија.

Миа Костова, нашата позната инфлуенсерка во своите сториња зборуваше за едно лајв видео на Марија од Франција, за кое вели дека многу ја нав-редила.

-Забележав дека едно што ме отстранила од пријатели, друго ме спомнала во последниот лајв во многу негативна конотација“, рече Миа.

– Таа вашата инфлуенсерка што го рекламираше да збори против мене, и за да му ги гледаат видеата, во организација со Сергеј… Тој хе-јт беше толку јавен.

Го штитев маж ми да не им направи нешто зашто секој маж си ја штити жената“, беа меѓудругото зборовите на Марија, а оваа приказна за несогласувањто помеѓу Марија и Миа ја следе доста медиуми.

Сопруг на Марија е режисерот Константин Плевнеш, основач и сопственик на интернационален приватен Универзитет, син на македонскиот драмски писател и дипломат Јордан Плевнеш.

На Фејсбук профилот на Снеже Велков, таа објавила пост за нејзината емисија која носи наслов Нешто конктерно. И токму на овој пост, коментирал Константин Плевнеш, сопругот на Марија Пијанманов- Плевнеш.

И таму тој меѓу другото кажал, и се обратил лично кај Снеже и ја тагнал. Ова се дел од неговите зборови во коментарот:

-Велков Снеже ја представи мојата најубава сопруга како “самобендисана” и не ја оставаше да доврши реченица во емисија во која покани специјално некој да ја имитира и исмејува.

Имам едно видео за твоите гости од вчера кои ги представи како Најубавите гости : ова е ЕДНО од многуте видеа кои Сергеј Варошлија ги прати на Марија Пијанманов Плевнеш. Во тие видеа, плаче и кажува дека ја сака од секогаш…

Во сите други твои емисии ги представуваш жените како Кралици, но само мојата Кралица ја опишуваш како Самобендисана? Која си ти да кажуваш што сме?“, се дел од зборовите на Плевнеш.