Naslovna Magazin За неа Марина Туцковиќ станувала среде ноќ- Еве како денес изгледа и...

За неа Марина Туцковиќ станувала среде ноќ- Еве како денес изгледа и што прави Зана Нимани од групата „Зана“

Зана Нимани, поранешната пејачка на групата „Зана“, уживаше огромна популарност на нашите простори.

На врвот на популарноста, Зана забременила и го родила девојчето Теа, кое го добила во брак со нејзиниот сопруг Ѓорѓе Шишкина.

Популарната пејачка само неколку месеци по породувањето ги спакува куферите и со семејството се отсели од Србија.

Така познатата Зана ја заврши својата музичка кариера на врвот.

Покрај тоа што се занимавала со пеење, додека живеела во Белград, таа се стекнала со диплома по право на Правниот факултет, а оваа диплома по право и била од големо значење по завршувањето на музичката кариера.

Како адвокатка, Зана успеала на себе и на своето семејство да им обезбеди удобен живот во Британска Колумбија, Канада.

Таму се вработила во компанија која се занимава со менаџмент, каде се вработила во областа на финансиите, додека нејзиниот сопруг Ѓорѓе работи во својата професија која се занимава со железница.

Зана Нимани целосно се посвети на животот надвор од светот на естрадата и на своето семејство.

Генерациите кои ги паметат нејзините почетоци знаат дека токму од неа го добила името групата „Зана“.

Малкумина знаат дека Марина Туцаковиќ во далечната 1979 година пишувала песни за оваа група која во тоа време имала низа успеси.

Познатата кантавторка Марина Туцаковиќ беше целосно посветена на песните кои ги правеше оваа група, што понекогаш предизвикуваше љубомора кај колегите.

„Марина е секогаш присутна од моментот кога создаваме основна тема. Свесна е за се што се случува, со песната се соживува од самиот почеток.

Се има случено ја викаме Марина во два часот по полноќ, за да ја консултираме за некоја песна, додека се пишуваа.

Таа ги соблекува пижамите, доаѓа и вели „Дали сте нормално, ова ин не чини, џабе ти е“, рече во една прилика Зана Нимани, пишува „Курир“.

Зана на својот Фејсбук продил нема многу нови слики, а оваа една од ретките што е објавена последниве години,

додека другите се од времето на нејзиниата популарност во осумдесетите години.