Изборот за Мис во Индија најмногу ќе го паметам по тоа што ми даде друга визија и насока за убавината, односно дека не треба да се потпирам само на надворешната убавина и изгледот, туку да работам на себеси и да развивам други способности, убавина со цел.
Ова го изјави во една прилика нашата Мисица Вера Мештеровиќ,тоест првата Мис на Македонија што беше прогласена за најубава во 1996 година и замина во Индија.
-Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот.
Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам.
Впрочем јас сум дел од јавниот живот со проекти во кои сум ангажирама, професионални и други ангажмани, тоа е работа која јас ја работам и таа е темата на која разговарам“, изјавила Вера за Женски магазин.
Сега, Вера е водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа е многу среќна и исполнета со овој ангажман, и и по тој пвоод изјавила:
-Не може на сите да им се допаднеш. Некој не може да ти прости што си убава, на некого му пречиш на телевизија, сето тоа е нормално.
Кога почнував да работам во Канал 5, прво бев на обука две недели, а потоа на програма. И нормално е дека има секакви коментари.
Знаат во живо да се јават – тргнете ја оваа од програма, или зошто е вака облечена? Но, има и доста луѓе кои позитивно и убаво реагираат. И на едните и на другите им велам благодарам“, изјзви Вера.
Во едно интервју за Фешнел, таа се присети на своите почетоци:
– Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови.
Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар.
Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41. Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…
Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…
Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.
Нешто што прво ми падна на памет се чевлите со поширока потпетица што тогаш беа во тренд, а гледам дека и денеска се враќаат на модната сцена.
Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото“, рече Вера.
Вера прослави роденден и многу нејзини пријатели ѝ честитаа на стори на Инста, а на едно од сторињата, таа е со својот колега Роберт Јанков од ТВ Канал 5.
Вера го прославила роденденот токму во телевизијата каде што работи, а верувале или не, оваа мајка на две деца, иако изгледа доста помлада, наполни 46 години.