Еден од најпознатите пејачи кај нас и во дијаспората, Ѓоко Јовиќ е чесен човек кој доста искрено има зборувано за својот живот.
„Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот.
И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура. Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа.
Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“.
Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, изјави тој за Женски магазин претходно. Искуството од таткото, тој им го пренесува на своите деца, за кои вели дека се музикални и ќе го наследат.
Јовиќ на почетокот од 2021 година, се вклучи во живо на својот Фејсбук профил и со сите свои драги пријатели и следбеници сподели една убава вест, дека по четврти пат ќе стане татко, и на необичен начин го откри и полот на бебето.
-Драги пријатели, морам оваа радост да ја споделам со сите вас.
Благодарам на мојата ќерка Теодоричка, што ни овозможи вакво изненадување“, рече Ѓоко и ја покажа сината алка која ја носи на раката.
-Јас сакам да виде машко, па сега ќе видиме балонот што ќе каже“, продолжи Јовиќ, а потоа го покажа неговиот кумашин и се спреми да го пукне балонот.
Ајде да видиме сега, што ќе биде“, рече Ѓоко и се подготви со својата сопруга да го пукне балонот. Нивниот пријател што снимаше се пошегува: Пишувајте во коентари, машко или женско додека не почнало.
Потоа, балонот букна и од него излегоа сини балони, а сопругатра на Ѓоко водушевено рече:
Машко ќе биде, а Ѓоко му се обрати на синот: Ќе имаме машко бебе, убаво, слатко ко тебе. Јовиќи продолжија да слават и да наздравувата со пријателите.
Почнаа да се редат честитки на во коментарите, а меѓу они кои честитаа беше и колешката и пријателка на Ѓоко Јовиќ, пејачката Сузана Гавазова. Таа напиша: Честитки, живо и здраво да е!
Всушност пејачот ниту неговата сопруга не знаеле кој пол ќе биде бебето, таа тајна ја чубала нивната ќерка Теодора, која заедно со кумата им го подготвила ова изненадување. Ѓоко за порталот ММС.мк претходно откри за што станува збор:
-Утрово сопругата Ивана, ќерка ни Теодора и кумата заминаа заедно на лекарскиот преглед, кога и ни го соопштија полот на бебето.
Но, по желба на Теодора ,јас и Ивана не знаеме каков пол е, бидејќи таа вечерва подготвува специјална журка за нас, кога и ќе ни бидат соопштени убавите вести.
Теодора ги следи трендовите, па затоа розев или син балон ќе стават во црн балон, кој ќе го пукаат и во зависност од тоа каква боја е балонот, такво е бебето.
Јас не можам да издржам до вечер, овие четири часа откако се вратија од лекар ми се катастрофа, горам од љубопитство, а не знам како Теодора, издржува да не се издаде, рекол Ѓоко за ММС.
-Ивана сакаше а и јас сакав да бидам искрен, така да планирано бебе е. Пандемијата ја искористивме за уште бебе, бидејќи нема настапи. Децата се богатство и јас и Ивана сакавме да имаме големо семејство“, додаде пејачот.
На крајот на октомври во 2021 година Ѓоко и Ирена станаа родители на син, а пејачот на овој начин објави на Фејсбук тогаш/
-Денес нашиот ДОМ повторно БЛЕСНА со среќа, насмевка и љубов затоа сто БОГ ни подари уште едно ангелце во нашето семејство. Мојата сопруга, Ивана Јовиќ ми роди син
Нека е жив, Здрав Благословен и Благослов да дели.МОЈАТА СОПРУГА Е ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ“ напиша Ѓоко.
Ѓоко изминатиов период беше на турнеја низ Австралија. Тој им се заблагодари на своите пријатели од таму за убавиот пречек и објави слики од аеродромот во Перт.
Напиша дека по шести пат го испрааќаат прекрасни луѓе. Но објави и една негова опуштена слика како си ужива во на пиво со пријател.
Она што е доста интересно е што Ѓоко само што ќе се прибере од Австралија, ќе летне за Америка.
Тој на Фејсбук објави дека вече на крајот на овој емсец стартува неговата американска турнеја. На нашиот познат пејач баш му тргна, особено откако пак стана татко, секоја чест.