Кристина Димитри пред некое време гостуваше во емисијата „Жешко столче“ на Јутјуб со Никола Трпковски и тој ја праша:
„Тешко ли е да се биде и мајка и татко на твоето дете, затоа што еднаш имаш изјавено дека ти си му и мајка и татко“, а таа одговори:
-Па, не е тешко. Јас секогаш кажувам. Тоа е мојата најбитна професија, и не може да е тешко. Тоа ми е мотивација за се друго што правам“. Потоа ја прашаа: Сега имаш и настапи, како успеваш сите обврски да ги завршиш?
-Како да ти кажам, пет дена не сум спиена, но кога нешто сакаш… Времето ми е посветено на работа, на многу работа на себе, и може да се постигне ако добро знаеш да си организираш времето“.
Потоа водителот ја праша: „Во какви односи си сега со твоојот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски,и ако го вратиш времето, дали повтпрно би направила исто? Или нешто би сменила?“
-Па, не би сменила. Само не би го сменила тоа што имам син со него. Така да, тоа е тоа што ќе го кажам. Во ок односи сме, солидни“, рече Кристина.
Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.
– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постигнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.
Кристина повторно беше дел од новата емисија на „Жешко Столче“ која се емитува на јутјуб. Во почетокот на интервјуто доби прашање, која е најнепристојната понуда која ја има добиено во инбокс:
-Па, искрено во инбокс имаш дозвола, како океј, отворен е профилот, можеш да пишуваш, но кога лично ми се понудија,
„Ќе ти препишам и стан и кола, и сѐ ќе ти спонзорирам, ќе бидам бла бла бла во животот твој, тогаш бев многу изреволтирана од таа маса, бидејќи нема нешто попонижувачки од тоа да ти го каже лице в лице.
Јас капирам дека девојките денеска се подложни на такви работи, но не секоја атрактивна девојка е подложна на такво нешто.
„Ти се пуштаат ли менаџери и газди?“, беше уште едно прашање од водителот.
-Газдите немаат допирна точка со мене бидејќи ме изнесуваат на бина во точното време и ме симнуваат кога завршувам со настапи и чекам во кола. Стварно немам некоја допирна точка освен професионално.
„Дали си добила уцена за ако сакаш да настапуваш мора да бидеш блиска со некого?“
-Не, не се случило, кратко одговори Кристина Димитру. Искрено можам јас да го прошетам него, во Тетово малку во гепек. Секогаш се комуницира со менаџерот мој, немам јас допирна точка. Го препуштам тоа што не го знам јас, на подобрите.
-Се случиле дури и во екипата некои проблеми, но кога ќе излезам на бина тоа се гаси.
Публиката тоа никогаш го нема приметено и осетено бидејќи кога ќе се качам таму, тоа е веќе моја работа и буквално сум со целата енергија посветена таму, другото сѐ е на страна.
На крајот од интервјуто, водителот се пошегува со Кристина дека ова е првото интервју каде не се спомнува нејзиниот бивши, Даниел, а Кристина рече:
-Ај да го спомнеме, ај да му се јавиме, може ли, се пошегува и Кристина.