Naslovna Zivot Ирена Спировска стандардно преубава, но видете колку ослабела и се разубавела Адријана...

Ирена Спировска стандардно преубава, но видете колку ослабела и се разубавела Адријана Алачки (ФОТО)

Ирена Спировска во една прилика зборувала и за својот изглед кој со години нели е беспрекорен и сите имаат чувство како Ирена да не се менува никогаш и да не старее. За својот изглед таа рекла:

-Свесна сум дека веќе се гледаат првите брчки на моето лице и дека со тек на времето ќе ги има сѐ повеќе. Стареењето го дожививам како природен и нормален процес.

Вечната младост е илузија која актуелните трендови и корективните медицински третмани ја промовираат и поткрепуваат. Мислам дека е тоа бегање од реалноста и од себе си“.

-На модните писти зачекорив кога имав 17 години, како дел од подмладокот на модната агенција Моделс Ин. Од старт се чувствував удобно и пријатно пред камерите и фото објективите.

Кога наполнив 18 години се пријавив на аудиција во МРТВ и за многу кратко време сфатив дека работењето во телевизија е многу покреативно отколку чекорењето по модните писти.

Реално, за мене телевизискиот ангажман во тоа време беше многу повеќе еден интересен и забавен начин да заработувам џепарлак за студентските денови, отколку сериозна амбиција и желба за долгогодишна кариера.

Но како што минуваа годините, така се зголемуваше бројот на проектите, обврските и ангажманите, а со тоа растеше и моето искуство и љубов кон работата.

И еве, таа љубов трае цели 30 години“, изјавила Спировска.

Во една прилика, таа има кажано зошто се вљубила толку во Душко. Кога Ана Бунтеска и го поставила следново прашање:

ШТО ТЕ ПРИВЛЕЧЕ КАЈ НЕГО ШТО ОПСТОЈУВА И ДЕН-ДЕНЕС, СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО СТЕ ВЕЌЕ ДОЛГО ВРЕМЕ ЗАЕДНО,

Ирена одговорила кратко ама кажала сѐ: Се препознав себе си во него.

Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор која се уште трае, и затоа со години наназад, Ирена Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Таа долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот ја врзува љубовта кон спортските активности.

„И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена за својот партнер.

Таа во една прилика зборуваше и својата нова емисија „Везилка“, која ја води со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки.

„Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште минатата есен, но поради пандемијата беше ставен во мирување.

Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа.

ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг, па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена.

Ирена Спировска вчера објави фотографии од снимање на везилка, во друштво на Адријана Алачки и пејачот Грујовски.

Ирена е стандардно преубава, но забележливо е колку е ослабена и разубавена Адријана Алачки.