Илина Арсова, нашата позната алпинистка како што е познато замина на докторски стдуии во Тенеси, во Америка, минатото лето, а за Женски мазин раскажа како и поминува времето таму.
Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години. Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна.
Но, со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.
Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.
Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани област“, рекла Илина, а потоа додала:
Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.
Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци.
Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.
Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни.

Се обидувам да ги запазам истите практики како и во Македонија. Така што кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели.
Но, имам и доста работа за факултет. Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам. Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега.
Така што патувањата ми се сèуште приоритет.
На пример, сèуште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио, сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била.
Така во овие четири месеци веќе имам посетено 3-4 природни и национални паркови, и барем 4 нови држави во САД. (Кентаки, Вирџинија, Невада, Каролина, Тенеси).“
Таа како шето е познато не е веќе со Игор Џамбазов, а тој во дна прилика изјави дека нема виновник за крајот на нивната врска, туку далечината си го направила своето.
-Моите блиски мислам дека можеби и го очекуваа ова бидејќи докторските студии подолго време ми беа во план, но никако да стигнат до приоритетната позиција која секогаш беше резервирана за планински експедиции.
Тие самите понекогаш ќе ме потпрашаа, до каде е мојата идеја за докторски, и самите паметат дека последно бев во преговори со Универзитетот во Тарагона некаде во 2017 година, кога повторно други работи добија приоритет, па некако таа идеја привремено избледе.
За Игор можеби ова беше ш ок, иако тој тоа вешто го крие и секогаш ми дава неизмерна поддршка во моите одлуки. Дури и за карпите кои верувам не се негови омилени, ќе ми рече:
“Те поддршувам, иако никогаш нема да можам сосема да те разберам“, изјавила Илина додека се уште беше заедно со Игор.
Но, таа уште ги чува спомените на нашиот познат актер на својот Инстаграм профил, а една од сликите кои им се меѓу последните додека биле заедно во Македонија е од нејзиниот роденден.
– Роденденот помина пред недела дена ама споменот ми е толку свеж и драг, што посакав да го споделам и сега… Тој ми купи куфер, јас не му купив ништо. Срцето му го подарив па нека му прави што сака.
Овие мили луѓе на сликиве направија еден навидум обичен, прилично стре сен ден, да стане прекрасен. И затоа им благодарам.
Ви благодарам и на сите вас, кои бевте дел од летните дружби во Лагадин, а и сите останати виртуелни пријатели кои до скоро ми пишуваа честитки во сандаче.
Ви посакувам убав ден каде и да сте. Сакајте, правете добри дела и никогаш не ја губете вербата во себе“, порача Илина вио агуст минатата година и тогаш многумина рекоа дека со Игор се многу убави.