Водителката на шоуто „Живот со стил“, Елена Стефановска е убава жена која својот живот го живее како и насловот на својата емисија, со стил.
Кога славеше роденден, таа рече дека таа роденденска забава и била посебна, а ја поминала со блиски луѓе во пријатен и амбиент, на тематска забава.
Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, изјави тогаш Елена.
„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.
Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“, изјави водителката за Женски магазин.
-Мажот не е супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“, додаде таа.
Елена е сега во среќен брак со Бојан Најдовски со кој често на социјалните мрежи споделува слики.
-Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на Живот со стил, сега за сега, одлично пливам. Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.
Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во hybrid.mk
Елена во Слободен печат раскажала се за нејзиниот сопруг и за тоа како се запознале, ама и како ја чува и ја „тинтра“ по дома.
– Со Бојан сме заедно 4 години и постепено се навикнувавме еден на друг и можам да кажам дека и двајцата останавме доследни на себе.
А клучот за да функционираме успешно кај нас беше што од самиот почеток си ги прифативме сите несовршености. Ниту еден од нас не се трудеше да го промени другиот.
Откако сум во брак, моите навики малку се променија во поглед на тоа дека сега сум повеќе ориентирана кон домот и семејството, и најсреќна сум во моментите поминати со мојот сопруг.
Често одиме на патувања на различни дестинации што најголем дел се испланирани од Бојан како изненадување за мене, но еднакво уживам во моментите поминати дома, особено кога Бојан ќе зготви некое вкусно јадење.
Честопати велам дека ниту готвачите од врвните ресторани не му се рамни, а тој готви со толку многу љубов, иако не е тоа негова професија.
Веќе го споменав готвењето. Но, независно од тоа, Бојан е успешен претприемач. Од многу млад е сериозен и одговорен во својата работа. Тој е столб на нашето домаќинство.
Секогаш е тука за мене да ме сослуша и да ми даде поддршка што е особено важно во мојата професија.
Погодени сме во тоа што и двајцата сакаме да патуваме и да си приредуваме изненадувања еден на друг“, рекла Елена во ова интервју.