Naslovna Zivot Се споија пак поранешните сопруги на упокоениот Дуле и на Коки-...

Се споија пак поранешните сопруги на упокоениот Дуле и на Коки- Pосана и Cанда позираа ептен дотерани (ФОТО)

На 23 септември 2013 година, Македонија остана во со лзи кога медиумите објавија дека се упокои еден од дуото – виолина и гитара, Дуле или Душан Љубосављевич од дуото Дуле и Коки.

Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо.

Дуле некоку месеци пред да си замине од овој свет се оженил со Љупка Наскова од Струмица.

Таа е мајка на ќерката Илијана, за која Душан зборувал дека ја сака како да е негова ќерка.

– Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам.

Од друга страна, имав обврски спрема петгодишното дете и работа со деца во училиштето,“ ја отвори душата Љупка за Женски Магазин во 2017 година, пет години по загубата на сопругот.

Таа вели дека со Дуле ја врзувале три работи: почитта, љубовта и посветеноста.

„Често знаеме да се потсетиме и да позборуваме со неа на местата каде што сме биле сите заедно, и да споделиме некој спомен од Дуле.

Ми фали љубовта кон Илијана, неговата посветеност и хармонија во домот, заштитничкиот однос спрема нас двете“, се сеќаваше Љупка на својата љубов.

Но, пред да биде во брак со неа, Дуле беше во брак со Санда Перковска, сопственичка на позната фирма за хулахопки.

– Душан Љубисављевиќ (33), едната половина на дуото Дуле и Коки ќе се жени со Санда Перковска (22), газдарица на фирмата за хулахопки “Санда”“, пишувало во дневниот весник Вест во 2007 година, а овој текст го има на страницата на Иди види.

Дуле и Санда, пред да се земат, биле шест месеци во врска, а одлуката да се земат ја донеле по пет месеци врска.

-Сега се во подготовка на веридбата, која ќе се случи пред крајот на годинава, а свадбата ќе биде на крајот на пролетта. Дуле планирал Санда да ја побара на девети ноември, на нејзиниот роденден, кој ќе го слават во Париз.

За таму го планирал и најубавиот дијамантски прстен, но немал трпение до тогаш и без прстен се одлучил да ја побара за жена. А прстенот кој го купи во меѓувреме, сепак, официјално ќе и го даде во Париз“, пишувало во 2007 за Дуле и за Санда.

-Според сите критериуми што сум ги имал за тоа како треба да изгледа жената на мојот живот, тоа е Санда. Секогаш и сум мислел дека нема потреба да имам пет годишна врска па да сватам дека е таа вистинската.

Тоа се гледа одма, како и што се случи. Кај Санда уште од третиот ден го сватив тоа. Ми се допаѓа зашто е едната половина од мене, дел кој мене ми недостасува. Сандра е решителна и се што сакам да одлучам, одлучува за мене. А и мислам дека е време за женење.

Кога го направивме договорот за ресторанот “Балкан сквер” отидовме кај неа дома и така среќни заедно се договаравме за работите.

Тогаш и се договаравме да почнеме да живееме заедно. Мислев да го чекам Париз, зашто веќе бевме договорени да одиме, ама бев нестрплив и се предомислив.

Свадбата најверојатно ќе биде во “Континентал” и ќе биде како што јас одамна си ја замислувам. Ќе изнајмам кувари од странство,а ќе служат келнерите од нашите ресторани.

Ќе има шведска маса со мое мени, од се што има во двете “Балканики”. Ама тоа ќе си биде посебен дел од вообичаеното свадбарското мени“, рекол Дуле пред да се ожени со неа.

-Се запознавме случајно во “Балканика”, си сменивме телефони и тој после ме бараше по сто пати на ден. Јас прво не дигав телефон, па го игнорирав, потоа се правев дека не знам кој ми се јавува и на крај откако канцеларијата ми се преплави со цвеќиња ме убеди да излеземе.

Излеговме неколку пати а официјално ја почнавме врската во Охрид на нивен настап. Кога ме запроси јас, секако на шега, прво реков не.

Ама после прифатив со задоволство. Карактерно си одговараме и многу ми угодува. Нашиот брак е чиста љубов, не брзаме со венчавката заради бебе. Одсекогаш сум мразела да се мажам трудна а и стално сум знаела дека млада ќе се омажам. Така и се случи, рекла Санда тогаш.

Дуле и Санда граѓанскиот брак го склопиле само во присуство на кумовите Владо и Лидија и старосватицата Мила. Планот по матичното сами да одат на вечера го пореметила мајка и на Санда, која ги повикала во ресторанот “Балканика” да прослават заедно со уште 60 гости.

Во “Балканика” ќе биде и свадбената веселба, идната сабота со 200 гости и со шведска маса со мени специјално подготвено од Дуле и како посебен дел од вообичаеното свадбарското мени. Венчавањето е во црквата “Св. Димитрија”.

-Не сакавме да правиме големо матично, затоа и сакав да носам обично “Кавали” фустанче, но по желба на родителите на Дуле во Штип кај Еми го сошив фустанот за матичното.

За свадбата ќе имам два фустана во боја на шампањ, едниот го купив од познато атеље од Солун, а другиот од Рим од познатата креаторка Паола Д’Онофрио.

Чевлите и златото за подарок ги купивме исто така од Истанбул, каде, според мене, има најубав накит, вели Санда, која покрај нејзиното презиме го додала и презимето на Дуле.

Дуле, кој од Санда добил 14 карати златен саат, на свадбата ќе блесне во костум со боја на костен од Пал Зилери од Рим, кое е правено специјално по негова мерка и е од колекцијата есен-зима, која ќе биде промовирана дури наесен.

Двајцата бурми барале од Истанбул до Италија, но на крај со каталогот заминале во златарската уличка во Скопје и по нарачка, со многу ситни дијаманти е направена невестинската бурма.

И двајцата не кажуваат колку пари имаат потрошено за подароците и свадбената гардероба. Но, нивни блиски велат дека Санда само за фустанот од Италија дала 7.000 евра“, пишуваше по свадбата на Дуле и Санда.

Роденденот на Санда го прославија во Париз, каде и официјално и беше даден дијамантскиот прстен. Во меѓувреме беа на одмор на Малдивите, а веднаш по свадбата на меден месец заминаа за Сицилија.

Во 2018 година, имаше написи во медиумите поради за Санда поврзани со Бојан Јовановски (Боки 13), кој рече дека заедно со Санда, во 2007 година сакале да организираат музички настан кој се одложил.

Бракот на Санда и на Дуле траел кратко, а тие потоа изјавија дека останале во коректни односи. Денеска, Санда е семејна жена и според сликите кои можат да се видат кај нeа на Фесјбук, изгледа одлично.

Таа ужива во патувањата, и во времето поминато со фамилијата. Фејсбук страницата на нејзината форма за хулахопки не е активна од 2019 година.

А, познао е дека Коки Јанков беше во брак со Росана Петревска, и токму поранешните сопруги кои некогаш се дружеле затоа што и сопрузите им биле другари, пак се споија.

Росана објавила слика со Санда, на која и двете дами одлично изгледаат и се ептен дотерани.