Naslovna Magazin Ова е луксузната вила во Шпанија во која Ражнатовиќ ужива со фудбалерот...

Ова е луксузната вила во Шпанија во која Ражнатовиќ ужива со фудбалерот Немања (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ во една емисија зборуваше за својата музичка кариера која малку ја запостави поради љубовта оваа и минатата година, што и самата го признава тоа.

Она што таа никогаш не би го дозволила е ситуација кога мажот би ја принудил да избере помеѓу љубов и кариера.

-Доколку моето момче ме замоли да изберам помеѓу кариера и љубов, во тој момент би знаела дека не сум со вистинската личност, бидејќи личноста која ме сака знае колку и јас ја сакам својата работа – вели таа и додава:

Никогаш не би дозволила да ме натера да бирам помеѓу тие две работи. Во таа ситуација секогаш би ја избрала својата работа – изјавила Анастасија.

Фудбалерот Немања поради кариерата моментално живее во Шпанија, а пејачката често патува таму за да биде со својот избраник.

Тие двајца неодамна беа на Ибица, што беше вториот дел од роденденскиот подарок од фудбалерот за Анастасија, за кој се шпекулира дека чинел 35.000 евра.

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ додека уживаше на Ибица со своето момче, на социјалните мрежи речиси секојдневно објавуваше видеа и слики кои го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници.

Анастасија во една прилика објави опуштена фотографија на својот Инстаграм профил, ја пушти косата, а преку глава носеше марама од позната марка.

Анастасија потрошила околу 500 евра за ова модно парче кое го носела и на Ибица.

Имено, Анастасија не е во добри односи со идната свекрва и сестрата на Немања, а причината е најверојатно тоа што тие двете многу се мешале во љубовната врска на Ражнатовиќ и Гудељ.

Вања и Оливера, како што изјави неименуван извор за локалните медиуми пред некое време, се обиделе да ја контролираат врската помеѓу Немања и Ражнатовиќ, што многу ѝ пречело на пејачката и таа се противела на тоа, па двете потоа решиле да прекинат со секаков контакт со неа.

– Анастасија не дозволува никој да им се меша во плановите, што ги изнервира Оливера и Вања бидејќи тие беа оние кои одлучуваа каде семејството Гудељ ќе го поминува слободното време.

И како што Немања почна да поминува сѐ повеќе време со Анастасија, тоа им пречеше и ја избришаа неа и нејзината мајка, Цеца од Инстаграм.

Работата да биде уште полоша, тие почнаа да ја фаворизираат поранешната девојка на Немања, Сања Вучиќ, која не само што ја следат на Инстаграм туку и одржуваат контакти со неа.

Ова многу ја погоди Анастасија, па затоа е причината за нејзиното лошо расположение последните денови – изјави тогашниот соговорник на Информер.рс.

Да потсетиме, Цеца Ражнатовиќ неодамна проговори за врската на Анастасија. Рекла дека ѝ недостига ќерката бидејќи ретко е во Србија.

-Ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко да бидам во друга земја од неа. Ми недостасува! Но, сѐ е простено затоа што избра одлична дестинација, а најмногу ми се допаѓа типот на момчето што го запозна.

Немања е одлично момче! Тие се многу среќни, уживаат во љубовта. Целото наше семејство ги поддржува. Им посакуваме сѐ најдобро – изјавила Цеца.

Анастасија редовно ги посетува знаменитостите на Шпанија, оди на натпреварите на Немања, а понекогаш времето го искористува и за шопинг или да ужива на сонцето, да се одмори или да медитира покрај базенот во дворот на куќата на Немања.

Парот конечно покажа како изгледа делот од вилата во кој живее Гудељ со Анастасија, кога таа престојува таму. Најверојатно, таа ќе се пресели наскоро во Шпанија, па фотографирала дел од дворот кој бил уреден само за уживање.

Приватноста е максимално загарантирана, бидејќи дворот е опкружен со висока, бетонска ограда.

Инаку, Немања често игра фудбал во дворот на својата куќа во Севиља, а слободното време го поминува со семејството, но како што изгледа е повеќе со Анастасија.

Инаку, фудбалерот живее во еден од најзелените делови од градот, па самата куќа е „затрупана“ во многу зеленило кое ја краси белата куќа на три ката, пишуваат српските портали.

Анастасија на стори на Инстаграм објави слика од дворот на куќата, а како што може да се види навистина просторот е огромен и гарантира максимално уживање, покрај базенот.