Сузана Гавазова е една од најпознатите македонски фолк пејачки, омилена кај нас, но и во дијаспората.
Но, кај нас, секогаш ќе се најде некој кој што ќе пише „зајадлив“ коментар, заклучок донесен од „рекла-казала“ муабети, без да се познава личноста за која се коментира во суштина.
Јавните личности кај нас знаат да се носат со ваквите коментари, но понекогаш и реагираат.
Во едно свое стори Гавазова сподели дека е многу разочарана од коментарите на некои нејзини обожаватели:
,,Читам коментари за мене и не ми се верува колку грди зборови можат да напишат некои луѓе (главно мажи), и се прашувам зошто?
Вие што мислите зошто? Кај нас жената е многу навредувана и тоа не е во ред. Размислете малку пред да напишете глупост.
Почитувајте го тоа што е ваше, барем со молчење”, напиша пејачката во едно свое стори.
Гавазова е свесна за својата популарност и знае да се носи со сето тоа:
-Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат…
Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.
Нашата позната фолк-пејачка започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.
Без сомнение македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години и важи за многу популарна.
Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.
–Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме многу години премногу ни е убаво. Не ни забележавме кога поминаа годините, изјави своевремено Сузана Гавазова.
Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи, особено во време кога естрадните уметници немаа настапи поради пандемиската криза.
Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.
Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни.
„Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш.
Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.
Тематиката на социјалните профили на Гавазова се секако пред се’ нејзините настапи, но често го објавува и сопругот Јасмин и ќеркичките, кои се нејзина најголема љубов.
Ретко можеме да ги видиме останатите членови од семејството на Гавазова, бидејќи таа не ги покажува во јавност.
Неодамна, на еден семеен собир, Гавазова се сликаше со сестра си, со која се речиси исти, како близначки, лепотици, а под сликата напиша посвета:
,,Со мојата сестричка најубава”