Игор Џамбазов во интервју за Женски Магазин неодамна кажа дека на неговите настапи ќе ја пее песната „Ако ум рам ил заги нам“, која ќе ја посвети на упокоениот татко, маестро Александар Џабазов.
Пресреќен сум што татко ми Џамбаз навистина се гордееше со мене, и со сè она што успеав да го направам.
Но, најмногу се радуваше на мојата одлука да го променам стилот на животот, повеќе да се сакам себе си од другите, и така да ги фрлам на буниште сите лоши филмови од приватниот живот во кои ја играв главнта улога.
Ми недостасува маестрото. Многу.. Неговиот дух, и неговата неверојатна љубов кон мене и сестра ми Тања, кон мајка ми Анче, кон музиката, и воопшто кон животот.
Мојот свет одамна не е само мој. Инстаграмот е виновен за тоа. Јас сум еден од ретките што ги споделува сите моменти од животот, онака какви што навистина се.
А не некој нестварен и нереален свет, во кој ништо не е онака како што изгледа. Мојот свет сега е Илина. И Дојран. И љубовта. И блузот. И здравјето.
Да бидеш со една од 70те жени во историјата на човештвото што успеале да го направат подвигот наречен „7те врвови“, тоа значи дека си навистина посебна. Со Илина имаме една работа што ептен не поврзува. И двајцата сме „мулти-таск“.
Работиме повеќе работи, на повеќе полиња, и се трудиме во сите нив да бидеме еднакво успешни, Среќен сум што судбината ми ја прати. И тоа пред моите порти во Дојран.
Се сретнавме, и повеќе не се разделивме. Освен кога е на пат. Како сега. А многу често е на пат“, рече Игор за својата Илина, додека сѐ уште беа заедно.
-Ќе уживам во животот што ми остана затоа што само тоа ми остана…хехехе…ќе се трудам да направам уште многу вредни работи кои ќе ги сака публиката, да ги дораскажам приказните кои сѐ уште извираат од мојата глава“, рече тој.
Илина Арсова моментално е на докторски студии во Тенеси, а пред некое време ставила интересно стори на Инста, а истото потоа го шернал и Игор Џамбазов.
Таа го означила него и со плачлив глас и со насолзени очи вели: Види што ми направи, срам да му е!
А потоа, Илина ја открива „финтата“, и откако ќе ги изговори тие збророви, покажува кромид, кој е познат по тоа дека од него солзат очите.
Илина готви нешто вкусно со кромид и пушта солза, и така настанало ова стори кое е забавно за оние кои ги следат Илина и Игор.
Игор пред некое време ги стресе сите кога изјави дека со Илина повеќе не се заедно и го откри проблемот:
-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.
Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.
И конечно, кога коро ната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.
Нашата позната и згодна пејачка, Кристина Димитри постојано соработува со различни луѓе и многу напредува во својата кариера. Претходно имаше објавено слика со Дарко Димитров и рече дека спремаат нешто многу јако заедно.
Но, изгледа Кристина не застанува, па се сликаа заедно со Игор, а на фотографијата и двајцата изгледаат многу среќни.
„Нешто ви спремаме, не сме лош тим,“ напишала Кристина во описот, па се надеваме дека наскоро ќе видиме за што се работи и што спремаат заедно со Игор.