Naslovna Zivot Бубе Јаневска никогаш вака не изгледала- откри важна семејна приказна (ФОТО)

Бубе Јаневска никогаш вака не изгледала- откри важна семејна приказна (ФОТО)

Бубе Јаневска важи за една од најубавите ТВ водителки и презентерки, а не ретко можеме да ја видиме и како лице на некои реклами.

Водителката и презентерка на Канал 5, убавата Љубица Бубе Јаневска, секојдневно ја гледаме на ТВ екраните со различни теми, во различни изданија… И содржински, ама и модни!

Гладечите најмногу ја препознаваат како презентер на вести, но одлично се снајде и во улогата на водителка на утринска програма“, објави Курир.мк во една прилика

– Постојано се анализирам. И хороскопскиот знак ми е таков што постојано барам совршенство во сè. Знам дека тоа е претерано, но некогаш, односно почесто е посилно од мене.

Решив да го сменам тоа. Последнава година особено се посветив на себеспознавање, работам многу на себе, сакам да станам подобра личност, подобар партнер.

Сакам да се разбирам со луѓето многу повеќе и полесно“ , рекла во една прилика Бубе во Женски магазин и потоа раскажалата за загубата на својата мајка:

– Има ли поголема среќа за жената кога ќе дари живот и ќе стане мајка и има ли поголема тага за едно дете, без оглед на возраста, кога ќе остане без својата мајка.

На едното се радуваш во секој момент од денот, ти доаѓа како лек на секоја грижа, на секоја н ервоза, секоја тага и бо лка. Те прави посилен, похрабар, поиздржлив.

Другото ти недостига бескрајно во секој момент од животот, и во радост и во тага, и во среќа и во бол ка, и на празник и на делник.

Понекогаш се прашувам, каква е таа сила во секој од нас да може да живее со болката и тагата носејќи ги насекаде со себе, живеејќи ги секој ден“, изјавила познатата презентрека.

– Многу сакам да готвам. Особено ако имам семејни собири. Тогаш без исклучок, се трудам сè да биде домашно подготвено.

Божик и Велигден се деновите кога сакам навистина да се придржувам до семејната традиција и да ги готвам јадењата што сме ги ставале на трпезата, почнувајќи од баба ми, мајка ми и јас сега.

За Велигден задолжително е јагнешкото. Секогаш има јагнешка чорба, Елбасан тава со јагнешко, мимоза салата и за десерт кох.

Тоа се јадењата кои Велигден ми го прават Велигден од моето детство. Особено сум горда што научив да ги правам сите тие јадења. И бескрајно сум благодарна на мојата мајка што ме научи на секое од нив.

Наследив искреност, чесност и посветеност во сè што работам. Во ова време во кое живееме, можеби и не се најпосакуваните карактеристики, но тоа е она што треба да биде одлика на секој човек.

И горда сум на тоа. Совети имало многу кои во дадени ситуации ме навраќале на нејзините зборови. Отсекогаш се залагала за искрен и чесен пристап во сè.

Да бидам човек, да подавам рака, да не правам зло. ,,Не гради среќа на туѓа несреќа” и ,,Не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават” се двата совета што први ми паѓаат на памет.

Во овој дух, заедно со сопругот Александар, ја воспитуваме нашата Нела“, открила Бубе Јаневска. Таа е многу убава жена, и со тоа се согласуваат многумина кои ја следат на ТВ екраните.

А на една слика која е објавена од стилистот Дадар, Бубе изгледа фантастично. Таа е секогаш убава, но волку добро никогаш не изгледала.