Naslovna Zivot Водителот Ненад ја откри својата животна приказна, не му било лесно, самиот...

Водителот Ненад ја откри својата животна приказна, не му било лесно, самиот се борел..

Водителот Ненад Ѓоргиевски од телевизија Телма еднаш има кажано дека секогаш им се восхитувал на близнаците а во детството имал и близначки другарки.

Тој секогаш потајно сакал да стане татко на близнаци и иако кога ја дознале веста дека негпвата сопруга Горана е бремена со две во првите две минути им било неверување.

Сепак, од првиот момент, тие рекоа дека се благословени родители на близнаци. Ненад раскажал како се снашол во улогата на водител на Утринска програма на Телма, кога започна со овој проект:

– Првиот впечаток, повеќе од одличен. Со најголемиот дел од екипата се знаев и предходно, па воопшто не ми претставуваше проблем да се вклопам.

„Телма“ е телевизија во која се ангажирани врвни професионалци, секој одличен во својата област.

Многу важно за мене, а го почувствував уште на првите состаноци кога се подготвуваше утринската е позитивната енергија која владее и одличната комуникација која ја имаме сите водители меѓусебно.

Она во што сум сигурен е дека таа енергија ќе се пренесе и на многу гледачи на “Утринска на Телма“.

Нудиме убави теми, корисни муабети и совети.

Концепт кој меѓудругото ќе одвои простор и за здрав начин на живот, спорт, култура, екологија. Впрочем да не објаснувам опширно, следете нè секој работен ден на Телма во 6.55 часот.

Станување рано? Откако сум татко на близнаци, веќе седма година во моето семејство утрата започнуваат во 6 часот наутро, без оглед дали е работен ден или викенд.

Мојот работен ден започнува со подготовките и водењето на Утринска на Телма, а завршува во Македонското радио каде на програма сум од 15часот.

По 17 часот најчесто сум дома, се опуштам и уживам со семејството“, изјавил водителот.

Во неколку интревју, Ненад открил како сега живее и дека освен во град тој и неговото семејство уживаат и на село.

-Пред “Утринска на Телма“, последен проект ми беше ТВ шоуто “Нешто се крчка”. Истото заврши пред три години.

Во меѓувреме, бев посветен на мојата продукција, работев на видео и аудио реклами и презентации.

Кога започна пандемијата, со сопругата одлучивме да пројдеме подолго време во нашата викендица, па таму буквално живеевме година и половина. Од таму работевме, таму реализирав и снимања на одредени видео презентации.

И одлично ми дојде паузата од хао сот во метрополата. Куќичка покрај река, доволно време за хоби, ги преполнив батериите“, рекол Ненад.

Инаку, тој има објавувано слики на социјалните мрежи дека со свои раце, со сопругата ја разубавувале куќата и дека учествувале во дел од нејзиното градење.

А инаку, Ненад еднаш ја има кажано својата животна- семејна приказна и по ова што го изјавил навистина треба да им се честита и на него, и на неговата сопруга.

– Она што ме прави особено горд како родител, е што буквално сами со сопругата се грижиме за нашите близнаци“, кажал водителот. А инаку, Љупка и Иво на 30 ноември наполнија седум години и се второ одделение.

-За жал, нашите мајки се упокоени, па моравме како знаеме и умееме да се снаоѓаме. Напорно и доста често хао тично беше додека беа помали, сега е сè полесно.

Олеснителна околност е што Горана има флексибилно работно време, па најчесто нејзина обврска се училишните активности на близнаците“, има изјавено Ненад за Женски магазин Ненад.