Naslovna Zivot Ваква е Каролина Гочева кога не е пред камерите, искрено откри нешта...

Ваква е Каролина Гочева кога не е пред камерите, искрено откри нешта кои никој не ги знаел за неа

Нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева, во една прилика раскажала приказна за мајка и за сестра сѝ и за тоа дека тие често одат на заеднички одмори- во женско друштво.

– Задничките одмори ми се една од најомилените наши традиции. Секоја година одиме некаде заедно ние 5“, рекла Каролина, а таа патува со сестра си, мајка си и двете внуки.

– Со сестра ми сме доста различни во повеќето работи, освен што со текот на годините се повеќе физички наликуваме.

Како деца нормално многу се каравме и тоа главно за секојдневни глупости, најмногу за телефонот (во тоа време беше еден домашен) и цел ден беше кај сестра ми, хахаха, за облеки, кој филм да се гледа и сл.

И сега не се согласуваме околу еден куп работи и често знаеме да се скараме, ама па и многу сме блиски и многу се сакаме, особено јас нејзе. (се смее).

Кога сме кај сегашните кавги, јас најчесто ѝ се лутам кога со часови не можам да ја добијам на телефон, особено ако е на пат“, изјавила Гочева во Женски магазин

-Мајка ми е навистина жена на која би сакала да наликувам и драго ми е ако барем физички е така. Карактерно, не знам, можеби во нешто, но генерално, трите сме потполно различни, а заедно сме во совршен баланс.

Не знам дал ќе се согласат ако го прочитаат ова но обично јас сум балансот, хахаха“.

Потоа, зборувала за тоа дали им се лути на новинарите за насловите: Јас не се лутам никому, на крајот, секој си е таму во животот каде што заслужил.

Не се сеќавам и дека некогаш особено сум реагирала, освен ако сум сметала дека тој некој новинар/ка ми е некаков пријател.

Но, колку и нешто да ме погодило во тој одреден момент, не сум дозволувала значајно да ми влијае на животот. А и како велат, секое чудо за три дена.

Порано знаев како “одмерена, внимателна и културна” доста работи да ги премолчам, да голтнам кнедла и да се правам како ништо да не било, а во себе да си го преживувам тоа, но среќа на време сфатив колку тоа е штетно по здравјето, па фала богу почнав да се менувам…

Така што иако и понатаму имам висок праг на толеранција, и тоа како знам да полудам и да повишам тон и да не бирам зборови… и искрено, многу ми е подобро вака“, рекла Каролина Гочева.

Гочева, како пејачка која нераскинливата врска со музиката ја започнала уште од мали нозе.

Tаа со богато искуство го нижи секој музички ѓердан од хитови и континуирано се надминува себеси, поставувајќи притоа високи стандарди на современата македонска сцена.

Албумите „Македонско девојче“ (1 и 2) се неоспорливи докази дека Каролина умее мајсторски да танцува со гласот во различни музички правци, а резултатот секогаш да е феноменален“, објави Фемина.мк во една прилика.

Во интервјуото за истиот медиум, Каролина зборуваше за многу нешта, а меѓудругото изјави:

-Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата.

Искрено, што поради природата на мојата професија, што поради поднебјето каде живееме, толку многу глупости сум се изнаслушала.

Така што веќе воопшто и не ги регистрирам, ниту ги памтам, а искрено повеќе не ме ни вознемируваат“, рече Каролина на прашањето кои се најапсурдните гласин и кои ги чула за себе.

Во едно интервју за Фемина.мк, Каролина ги откри петте факти за неа кои обожавателите не ги знаат.

– Повеќе од 5 се, секако, но еве ги првите 5 кои ми паѓаат на памет: Правам најдобри три врсти на шпагети.

Знам многу добро да имитирам (но само во кругот на најблиските и кога сум добро расположена).

Многу зборувам додека гледам филмови, а тоа ги нервира тие кои со мене гледаат во моментот.

Најмногу сакам да јадам навечер, особено ако сум излегла во град, тоа ми е најслаткото јадење.

Правам најдобри 3 врсти на шпагети, ама стварно се најдобри! И не можам да се сетам на 5-ти факт“, изјави Каролина.