Naslovna Zivot Спенџарска го покажа погледот од станот во Солун, каде што живее со...

Спенџарска го покажа погледот од станот во Солун, каде што живее со Лукас (ФОТО)

Уште пред да го запознае Гркот Лукас, со кој е во сериозна врска, водителката Јелена Спепнџарска во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска.

На прашањето кога ќе те мажиме, водителката (пред да го запознае Лукас) одговори:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде.

Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“кажа Јелена. Таа до пред неколку месеци велешше дека се уште не е заљубена.

„Моментално не сум, имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде.

Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ кажа Спенџарка и нејзините прогнози се остварија.

– Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот.

Расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот.

Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае. Но, за мене беше незаборавна авантура затоа што кога сте целосно посветени на себе, секој ден откривате нешто ново за вас и станувате сѐ посвесни за својот потенцијал.

Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше,

се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент.

Два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене.

Јас често му велам – тоа беше љубов на втор поглед – хаха. Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба, се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму.

Јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ. Со секој чекор како што се приближував до масата, гласот стануваше сѐ посилен.

Јас никогаш не сум била толку збунета и возбудена во исто време. Уште истиот ден и двајцата знаевме дека тоа е тоа. Сѐ друго е историја – вели Јелена за запознавањето со Лукас во Слободен печат.

Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално“, кажа Јелена а потоа најави: Во март се селам во Солун“.

Спенџарска замина за Солун, а претходно најави дека тоа ќе биде во март. Не се знае дали водителката дефинитивно се пресели, или поминува уште еден викенд кај саканиот.

Прво се покажа на стори како со Лукас се вози во автомобил, па изгледа дека саканиот дошол до Скопје за да ја однесе во нивниот нов дом.

Потоа, се покажа како стигнале во Солун, и се возат на сонце, покрај море. А на крајот, водителката покажа каде ќе живее или каде веќе од сега живее.

Поточно, Јелена го покажа погледот, и се гледа дека станува збпр за модерен дел од==на градот. А тоа што на видеото е ептен насмеана, кажува дека таа е задоволна од својот нов дом.