Naslovna Zivot Евгенија, сопругата на Вело Марковски и покрај тоа што роди две деца,...

Евгенија, сопругата на Вело Марковски и покрај тоа што роди две деца, изгледа како девојче (ФОТО)

Љубовта меѓу професорот Вело Марковски и неговата сопруга поранешната мисица Евгенија често е интересна за јавноста, особено поради тоа што на почетокот вешто ја криеја љубовната врска.

Пред некое време, Вело Марковски и Евгенија, гостуваа на естрадниот магазин „Бекстејџ”, каде проговорија за својата врска.

Д-р Марковски објасни дека Евгенија му била студентка и била меѓу најдобрите, па затоа тој ја поканил да биде демонстратор.

Љубовта се родила дури после неколку месеци од дружбата, а Евгенија на прашањето на новинарката, дали имала проблеми со своите родители (бидејќи Вело е многу постар од неа), рече дека немала проблеми, а нејзините родители се интересирале само, дали имаат сериозни намери љубовта да ја крунисаат со брак.

Вело и Евгенија и покрај разликата во години имаат совршено складен и хармоничен брак, а плод на нивната љубов се и двете дечиња: синчето, кое го добија набрзо откако запловија во брачните води и ќеркичка која брачната двојка ја доби на првиот ден од 2021-ва година.

На некогашната манекенка, мисица и модел, денес магистер по економија и бизнис администрација, a моментално го подготвува и својот докторат, не и требаше многу за брзо време по породувањето се врати во топ форма.

Па на социјалната мрежа Инстаграм почна да објавува фотографии, на кои изгледа неверојатно, а многумина го коментираа нејзиниот изглед како Евгенија никогаш да нема родено!

На крајот на април минатата година, д-р Вело Марковски објави своја поезија на Фејсбук која ги разгоре чаршиските муаебти дека можеби нивните односи не се во најдобар ред. Но, таквите чаршиски муабети беа демантирани.

За ММС, Евгенија, сопругата на д-р Марковски изјави дека овие гласнини не се точни.

„Нема ништо такво. Ние ќе славиме годишнина од брак. Бевме на одмор, само што sе вративме. Не сме се ни скарале.

Се тргна откако Вело објави песна која не беше посветена на мене“, изјавила Евгенија за ММС.

Евгенија како што поминува времето станува сѐ поубава и позгодна, како никогаш да не родила.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека на Евгенија добро ѝ оди фотографирањето, но и модните парчиња кои ги комбинира.

Очигледно е дека Евгенија има дарба за сликање и позирање. Она што е интересно е што со текот на времето постојано напредува и секоја слика ѝ е подобра од претходната.

Особено на најновата фотографија, каде што Евгенија позирала во долги сини панталони, искомбинирани со неутрална беж маичка и сако во слчна нијанса.