Naslovna Zivot Сопругата на Благоја Грујовски се поубава и поубава- пејачот објави специјална слика...

Сопругата на Благоја Грујовски се поубава и поубава- пејачот објави специјална слика со неа (ФОТО)

За Благоја Грујовски се чини дека сите работи се знаат, но има и нешта кои допрва се откриваат за нашиот познат фолк пејач кој е син на легендата на народната музика Мате Грујовски.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе каде што често патува.

Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, аф ери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, дискретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, рекол Баже во еден разговор за „Репортер“.

Она што исто така е интересно за Благоја е што тој е диплмомиран новинар, но љубовта кон музката го натерала да се занимава со неа.

Како млад, тој слушал рок музика, но поради татко му кој му всадил љубовта кон фолк музиката, Благоја решил да почне да пее фолк музика.

На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен.

Грујовски во младоста тренирал бокс, и ова е приказна која скоро никој не ја знае за нашиот познат пејач, а ја откри неговиот пријател Спасен Силјановски, пејачот од Кичево.

Спасен во емисијата Магазин за Благоја рече дека требал да оди на сојузен натпревар на ниво на Југославија, од што бил добар. Потоа, пејачот коментираше дека уште го сака боксот, уште го гледа, но не се занимава веќе ни рекреативно.

Спасен Благоја го опиша како човек што му подал рака кога најмногу му требало, и дека секогаш е спремен да му даде добар совет.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.

На Фејсбук профилот на Ирена може да се види дека таа е вистинска убавица, а кога жената е среќна, тоа се гледа на нејзиното лице, а тоа значи дека е и исполнета и сакана, како во случајот Ирена и нејзиниот сопруг Баже.

Во една прилика, Грујовски изјави дека разбирањето и толеранцијата се клулчни за нивниот успешен брак, и го спомена двата сина.

Помалиот Марко, од сегашната сопруга Ирина, има 14 години, а поголемиот Матеј кој го има од поренешната сопруга Татјана Стојановска има 26 години. Благоја рече дека не е строг татко.

– Не можам да кажам дека сум многу строг, имам моменти кога сум малку изнервиран, па ќе свикам. Со големиот и нема потреба да сум строг, тој е веќе големо момче.

Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна, објави неодамна Репортер кој направи Интервју со Баже.

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто.

Благоја поретко објавува фотографии од својата сопруга и од синот, а неодамна објави една специјална, како сите заедно уживаат на охридскиот брег.

Сопругата на нашииот познат пејач на оваа фотографија е во природно издание, без многу шминка, а може да се забележи дека одлично изгледа, тоест Ирена е се поубава и поубава, а за тоа сигурно е заслужен и Благоја.