Naslovna Zivot Росана искрено раскажа за што најмногу жали во животот, веќе е доцна...

Росана искрено раскажа за што најмногу жали во животот, веќе е доцна за оваа нејзина желба…

Росана Сариќ – Тодоровска, е позната по својата скромност, ненаметливост и едноставност. Нејзините хитови кои ги отпеа со својата сестра Маријана дури и пред неколку децении, и ден – денес се актуелни.

Околу тоа како решила повторно да застане на фестивалската сцена на „Макфест“ со песната „Спомени“, за ,,Фокус” таа раскажува дека се се случило спонтано, без претходни планови и неочекувано дури и за неа.

-На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев…

Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема!

Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Во едно интервју за Слободен печат, Росана изјави дека сега времињата многу се имаат сменето во однос на порано, што се однесува до музиката:

– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн.

Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.

За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.

Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време.

Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа.

Таа нудеше поголема сигурност, плата на крајот на месецот, односно сигурна егзистенција. Не гледам ништо лошо во тоа уметниците да работат напоредно две или повеќе работи покрај уметноста со којашто се занимаваат.

Но, навистина жалам за тие убави времиња, за тие прекрасни програми со забавна содржина, за снимањето на новогодишните емисии, за дружбата зад сцена во текот и по завршувањето на фестивалите…тоа веќе го нема“, рекла Росана и додала:

Пресреќна сум што и младите ја препознаваат убавината на нашите песни, кои биле направени и отпеани далеку пред нивното време.

Секое време си носи свои трендови и насоки во музиката, но евергрините со право ја носат таа титула и воопшто не ме чуди што дел од квалитетната музика се слуша до денес.

Ќерка ми, кога беше помлада, често знаеше да ме разбуди сред ноќ и да ми ја пушти „Признавам“ преку телефонот додека песната ечеше во некоја дискотека, а младите ја пееја на цел глас.

Чувството е прекрасно и посакувам нашите песни да се пеат уште долги години“, изјавила Росана, а потоа кажала по што во животот најмногу жали:

– Ние фамилијарно сите пееме, најчесто тоа е зад затворени врати и за наша душа. Досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа професија, иако имаме една извонредна палета на гласови.

Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто.

Секогаш остававме за некој друг пат и еве сега, за жал, веќе не можеме да ја реализираме оваа идеја“, кажала Росана. Нивниот брат Мирослав, за жал се упокои пред неполни 5 години.