Naslovna Zivot На необичен начин се смирија Сека Алексиќ и Карлеуша- дали е овој...

На необичен начин се смирија Сека Алексиќ и Карлеуша- дали е овој пат засекогаш?

Српската пејачка Сека Алексиќ е мајка на двајца синови, поголемиот Јаков и помладиот Јован.

Дека Сека е навистина посветена мајка, но и дека се труди максимално да ги задоволи своите синови, докажуваат и фотографиите кои пејачката секојдневно ги споделува на својот Инстаграм профил.

Не е тајна дека фолк-пејачката Сека Алексиќ успеа да го оствари својот најголем сон – да изгради „замок“ далеку од очите на јавноста, во кој ќе ужива со своето семејство.

Токму затоа, Сека, која е голем верник, не заборава секојдневно да му се заблагодри на Господ за се’ што ѝ овозможил во животот, а и да им посака мир и благосостојба на сите луѓе.

Пред извесно време тоа го стори од својата приватна „џунгла“, поточно од градината во вилата во Стара Пазова, позирајќи во едноделен костим за капење. Таа во својата приватна палата неодамна вложи нови 10.000 евра.

Имено, Сека долго размислуваше на овој потег, и на крајот се одлучи за сауна со средна големина, која е направена од најфини материјали, пишува „Ало!“.

– Со години Сека се грижеше за својот физички изглед и здравје. Бидејќи одамна изгради сала за вежбање во својот дом, долго време размислуваше за инсталирање на сауна, заради сите здравствени придобивки што ги има.

Неодамна, таа реши да ги реализира своите планови – изјави извор близок на пејачката за „Ало!“.

– Сека се одлучи за сауна со димензии 2х2м2, во која може да се сместат четири лица, колку што има нејзиното семејство – изјави извор за гореспоменатиот весник и посочи дека пејачката не заштедила пари за својот спа дел.

Сека Алексиќ и Јелена Карлеуша дефинитивно се смирија и заборавија на неубавите зборови и на вреди од пред неколку години.

Тоа го потврди и Алексиќ, која на социјалните мрежи објави интересен статус.

– Не можам сега, се допишувам со Карлеуша – се пошегува таа на Твитер.

Под објавата на Сека во коментар, многумина ги напишаа своите впечатоци од помирувањето на дваете некогаш лу ти ривалки, а главно мнозинството нивните следбеници дадоа позитивно мислење за тоа.

Еден од нив посебно го привлече вниманието на пејачката.

– Треба да се прости, но имаше многу неубави зборови од нејзина страна кои тешко се надминуваат. Едноставно е некултурно – пвели еден коментар на обожавателката на Сека, на што таа одговори:

– Беше и кај моите. Заборавив и простив сè. И таа ми просто на мене – напиша Алексиќ.

Првиот чекор кон помирување меѓу ЈК и Сека се случи пред речиси една година, кога Алексиќ изјави дека тие две контактирале преку соработникот на Јелена.

– Ние две конкретно не сме се смириле, не се сретнавме и не се поздравивме, но мислам дека некои страсти и негативната енергија се смири, а тоа беше одамна.

Поминаа години. Веројатно во одреден момент и двете сфативме дека тоа е глу пост и дека пред тоа сме биле млади и дека се водевме од тие емоции. Тоа е некако раст на човек – рече тогаш таа и додаде:

– Мислам дека нејзиниот ПР Зоран Бирташевиќ е навистина прекрасно момче. Остварив некој првичен контакт со него, се следиме и на социјалните мрежи, често се допишуваме и се поздравуваме со Јелена, а таа со мене.

Сега меѓу нас е мирно пристаниште – изјави тогаш пејачката“, а објави Курир.рс.