Нашиот познат актер, а сега и пејач, драган Спасов- Дац во една прилика зборуваше за неговата професија, актерството.
– Јас станав актер, и никогаш не жалам за тоа. Тоа не е професоја, тоа е љубов. И многу ми е жал што таа моја љубов моментално стагнира, но еве се повеќе се опуштаат работите.
И некако најдов утеха во целата оваа работа со Александар, со пеењето, за пак да бидам блиску до публиката, на некој друг начин“, кажа тој за време на пандемијата.
Но, со душа го чекам времето кога ќе се наполни салата во Драмскиот театар, и кога ќе се поклониме после убаво одиграна претстава, и кога ќе го чујам тој аплауз, што навистина е огромна награда“, раскажа Дац тогаш.
Минатата година, Драган Спасов Дац ја сподели среќната вест дека свадбена прослава е на повидок во семејството Спасови.
Постариот син на актерот, Јаков се верил, а по тој повод Дац се огласи на неговиот фејсбук-профил.
„Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија! Љубов во неограничени количини“, напиша актерот во таа прилика.
Јаков стапи во брак со својата избраничка Софија.
Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан со добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување.
Инаку, минатата година се ожени актерот, Драган Спасов – Дац, а по неколку месеци и неговиот син актерот Јаков Спасов како што напишавме погоре Дац си доби уште една ќерка, снаата Софија која на свет ја донесе ќерката Гаиа.
А Дац на својот Фејсбук профил на многу емотивен начин му посака добредојде на својата внука.
– Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна…
Така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест. Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ.
Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.
Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!
– Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека… Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите, и веѓите и трепавиците.
Ќе ти го сакам грлото, и плачот и гласот. Ќе ти ги сакам прстињата, и рачињата и ноџињата Ќе ти сакам се’ а најмногу добрината! Твојот дедо Дац“, стои во оваа објава.
А инаку, снаата на Дац е Софија која сега се презива Спасов и е многу уникатна жена, според она што може да се види на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа е графички дизајнер, и има доста тетоважи на нејзиното тело, и многу сака да патува, особено во егзотични земји.
Софија ја објави првата слика од Гаиа, ама она што привлекува внимание на оваа слика е нејзиниот уникатен изглед, тоест тетоважите кои ги има на нозете.
Таа освен цртежи има и поговорки како Que Sera Sera- или во превод „Што ќе биде, ќе биде“, па ваква уникатна таа ја покажа и својата ќеркичка на стори на Инста.