На својата нова објава на Фејсбук, мајката на Нора Шаќири, госпоѓа Изета објавила слика од неа и од нејзината ќерка на која и двете супер изгледаат.
И коментарот до оваа слика која потсетува како Нора изгледала порано е интересен.
А нејзината мајка во него вели: Не дека се фалам, но навистина сум убава. Кој не се фали себеси, куќата да му из-го-ри“, стои во описот на оваа фотографија.
Во една прилика, за порталот „Фешнел“, новинарката, која претходно беше директорка на театарпт Комедија, ја раскажа својата прекрасна љубовна приказна.
Таа ја живее секојдневно со нејзиниот сопруг момче Марко Кума Марковиќ. Во интервјуто тие раскажале како тие се запознале, што е она најдрагото што си го подариле, но и тоа како семејството и пријателите на Нора го прифатиле Марко.
Нора исто така, во ова интервју раскажала и за тоа кој е клучот на среќната врска, но и за првите зборови со кои Марко од „Бенд Овер“ за прв пат ја шармирал!
– Јас и Марко се познаваме повеќе од 20 години..сме се гледале по скопскиве улици..го знаев..и тогаш беше впечатлив, несекојдневен..пубертетлија, долга коса, се издвојуваше од другите…
Имаше свој рок бенд и по подолго време го видов со неговиот бенд како пред- група на Бени и Нон Стоп на нивниот прв концерт…Да бидам искрена, Марко од А до Ш ја памети таа ситуација, јас скоро и ништо да не се сеќавам.
Веројатно тогаш сум сакала да бидам „ман-гупка“ пред него, ама години подоцна тој мој мангуплак стана вистина која не е за еден ден, туку е повеќе од две години и дај боже за цел живот…
Почетокот на нашата врска не ја обележа интересна случка..јас и Марко се сретнавме во една многу тешка за мене ситуација…нешто повеќе од еден месец по загубата на мојот татко решив да се замешам меѓу луѓе, да се вратам во нормала.
И тогаш после долго време, го сретнав Марко.. Од тој момент па наваму, се развива нашата приказна“, рекла Нора која сега со МАрко го има синот Ијан.
-Па јас и Марко немаме проблеми. Шегата на страна, секој, па и ние се кошкаме, се расправаме, но чесно е да сум искрена и да признаам дека јас сум таа која повеќе и почесто пол- удува и сум расположена за кавга за разлика од Марко.
Тој е неверојатно многу смирен, тотално е неко нфликтна личност и за овие две години никогаш, ама никогаш не повишил тон ниту пак започнал караница…признавам, јас сум таа (се смее).
Она што Марко направи од мене, е една многу смирена личност, со мене барабар ги живееше сите мои тешки моменти, подеми и падови, сета тага и сета радост.
И на крај тој ме научи дека од секоја караница она што мора, е да се извлече поука од истата и да се научи како не треба…секоја наша препирка е чекор понапред во нашата врска.
Марко ќе ми го подари целиот свет ако тоа го посакам..тој од невозможно, за мене ќе направи возможно…ми ги има подарено најубавите цвеќиња..
Но најубавиот и најдрагиот подарок од него, е самиот тој…оној момент кога тој одлучи да го дели својот живот со мене и да ми ја подари душата, за мене секој друг подарок нема вредност“, рекла Нора за саканиот.
Кога се сретнавме после долго време, тој ми изрази сочу ство за загубата на мојот татко и така тргна сѐ…во целата таа тешка ситуација, Марко беше светлото на крајот на тунелот…“, кажала Нора и се сетила:
-Никогаш не се движевме во исти кругови, ама се среќававме на некои места кои во тоа време за деца на наши години беа актуелни и знам дека кога и да се сретневме, му велев тогаш на шега „ЈАС И ТИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЗАВРШИМЕ ЗАЕДНО“…