Професионална, убава и шармантна се само неколку епитети кои може за се кажат за Цаци, Славица Арсова, новинарката од Тв Сител.
Секогаш средена и одмерена со совршен стил кога и да се појави на малите екрани.
За оние кои што не знаат, Славица е ќерка на нашата позната Тв новинарка Розета Арсова, која долги години својот „занает го печеше“ во Македонската радио телевизија, а Розета и денес е синоним за успешно Тв лице.
Славица Арсова е една од најпознатите ТВ лица која веќе долги години го води Дневникот на Сител, и е и главен уредник на информативната редакција во Сител.
Иако Цаци ретко зборува за својот приватен живот, во едно интервју за „Слободен печат“ таа одговарајќи на прашање за што би ги потрошила последните пари таа вели:
– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.
Славица често ја гледаме во елегантни изданија, а тоа често е кошули и сако. Истот важи и за нејзиниот сопруг Александар кој пред камерите секогаш е среден.
Главна тема на разговори и коментари по едни од вестите на „Сител“ пред дест години беше брачната понуда што новинарот Александар Спасовски- Сарма и’ ја упати јавно на својата девојка и колешка Славица Арсова.
Сарма тогаш се јави на линк за да ја каже временската прогноза, а таа ги водеше вестите. Intervjua.com.mk во тоа време го направи првото интервју со него по тој храбар и романтичен потег…
– Накратко кажано, првиот ден поминува главно на телефон во одговарање на повиците и пораките со честитки на нашите пријатели и колеги.
Не знаеја многу луѓе. Знаеше само дел од продуцентскиот тим и техничарите кои ги реализираа вестите. На снимателот што го снимаше линкот на терен, како и на линкаџијата, им кажав кога се поставивме за да го реализираме вклучувањето.
Ако не се смета помошта што ја добив од човекот кој работеше во златарницата каде го купив прстенот, може да се каже дека го избрав сам. А, изгледа и го погодив. Барем така вели Славица.
Некое време ја чекав првата можност за јавување во живо и се подготвував само малку повеќе од вообичаеното. Тоа што се погодија вестите на Василица, беше случајно.
Се запознавме кога Славица се врати во „Сител“ од студиите во Америка. Немаме се’ уште точни термини. Тешко е да испланираш свадба за помалку од 24 часа.
Па, би рекол дека повеќе беше храбар потег. За романтика ми недостасуваа свеќи, и а надвор дуваше ветер“; рече овој наш новинар во тоа време,а сега тој и Цаци се родители на прекрасна ќеркичка.
Славица Арсова- Цаци и Александар Спасовски Сарма во последните години важат за најпознатите новинари и ТВ презентери во Македонија.
Александар (Сарма) сподели слика од него и од неговата сакана, како заедно уживат во природа, на Водно. Оваа слика нема зборови (опис) но многу кажува.
Кажува дека Цаци и Сарма се среќни и вљубени, а нивната романтика очигледно дека уште трае, од времето кога тој јавно ја запроси пред ТВ камерите.