Naslovna Zivot Блазеси му на Перо Антиќ со ваква домаќинка- Катарина Ивановска ја покажа...

Блазеси му на Перо Антиќ со ваква домаќинка- Катарина Ивановска ја покажа својата друга страна (ФОТО)

Манекенката Катарина Ивановска во едно интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

„Среќни сме заедно“, со насмевка на лицето вели Ивановска, а објави Точка. Освен што зборувала за романсата со екс-кошаркарот, исто така открила и како и на кој начин ја одржува формата.

Според она што го обајви Тијана како стори на Инстаграм, таа супер си поминала на концертот на нејзината сестра Тамара Тодевска, во Охрид на крајот на јули во 2021 година.

Тијана шерна стори како игра додека сестра и пее, но позади неа се Перо Антиќ и Катарина Ивановска како играат, а Катарина дури и го гушка Перо.

Катарина во едно интервју за Црно-бело вели дека не постојат големи тајни во светската модната индустрија, откри дека просечната месечна заработка на една манекенка е далеку поголема од македонската просечна плата.

Таа исто така но и сподели кое е најскапоценото модно парче кое го поседува во својот гардеробер.

Катарина во интревју за Слободен печат раскажа како ја одржува формата откако се породила. Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина.

Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Кира е мала за да е свесна за промените, а на Вања моравме да му ги објасниме новонастанатите околности. Голем дел поминуваме во природа, а тоа за децата е, сепак, и најзабавно и најздраво“, рече Катарина во време на пандемијата.

Потоа, таа зборуваше за модата и за тоа како токму неа ја избираат големите модни брендови како „Валентино“, „Долче и Габана“, Вивиен Вествуд, Роберто Кавали, „Диор“, Ели Саб.

-Кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба.

Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап. Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба.

Катарина Ивановска и нејзиното семејство имаат уште едно убаво место каде што ги поминуваат деновите, а тоа викендичка на убавото Маврово.

Катарина во една прилика на Инстаграм објави стори во кое вели дека ѝ тргнало во животот. Всушност, станува збро за еден цитат кој вели: Мене кога ќе ми тргне во животот, толку ќе се залауфа, што тргнува без мене.

Катарина на новите сториња на Инста, покажа дека е топ домаќинка, тоест дека знае убаво да готви.

На овие сториња таа означи свои пријателки, па изгледа дека во вкусниот и по се изгледа здрав оброк, таа уживала со нив.

Но, како и да е, Катарина со ова ја покажа својата друга страна која не еманекенската, а тоа е онаа домаќинската која до сега не сме ја знаеле.

Блазеи му на Перо Антиќ што има ваква партнерка, ем убава и згодна, ем домаќинка- Катрина е навистина жена за се!