Naslovna Zivot Ани Малинкова запеа стара македонска песна, со мачето (ВИДЕО)

Ани Малинкова запеа стара македонска песна, со мачето (ВИДЕО)

Ани својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и попчнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски.

За оваа емисија таа рече дека била ловец на таленти. Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави. „Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки.

Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум нстапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи.

И во Европа, нашите македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рече пејачката.

Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци.

„Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија.

Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски. Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство.

Таа рече дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет. Исто така, раскажа и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.

-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна. Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене.

Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката.

– Ќерките најмногу сакаат рижото со пилешко, а сакам и јас, ама многу сакам и да виткам сармички од лозов лист“, се пофали пејачката за својот домаќинлук.

Исто така, раскажала и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.

-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна. Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене.

Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката во една прилика во емисијата Магазин на Сител.

Малинкова, која е популарна и кај нас и во дијаспората рече дека многу ѝ недостигаат снимањата на познатата емисија „Мерак меана“ на Сител во време на пандемијата.

Малинкова во емисијата Магазин минатата година тогаш изјави дека постојано ѝ се јавуваат пријатели од цела Македонија и од странство и ја прашуваат кога ќе продолжи снимањето кое е прекинато поради пандемијата.

Со Вики Среброва редовно се гледам, не можам да го прекинам дружењето со неа затоа што ми е многу интересно, Блага Петреска исто така да ја поздравам, Кате од „Нели ти реков“, рече Малинкова.

Исто го користам денот за да одам на Водно, препознатлива сум кога одам на стазата, до Средно Водно.

Поретко одам до крстот, ама до Средно Водно секој втор или трет ден“, рече Ани, но и откри дека многу дека многу сака да пее староградски песни и странски балади.

Пред 2 години, Ани се пофали дека запловила во љубовна врска со нејзиниот тогашен партнер Ѓорѓи Тренески, а по оваа објава, тие добија многу честитки од своите пријатели кои им посакаа љубовта да им цвета.

Но, по некое време за „Фокус“ се огласил лично Треневски кој ја открил вистината за неговата врска со оваа наша позната пејачка. Тој во разговот со овој медиум рекол:

-Често пати во медиумите моето име се спомнува со Ани Малинкова, би сакал тоа да престане еднаш – засекогаш, бидејќи не сум повеќе со неа. Еве, изјавувам дека немам ништо со неа – за ,,Фокус” вели Ѓорги Тренески.

Како што раскажуваше тогаш атрактивната 49-годишна пејачка, осум години по разводот од сопругот со кого има две ќерки, таа повторно се вљубила.

Ани после сѐ изгледа дека и е убаво кога е сингл и изгледа подобро од било кога. Таа често на својот Фејсбук објавува кратки видеа од тоа како пее, а последното видео особено привлекува многу внимание, бидејќи на него не пее сама.

Имено, Ани ја запеа познатата стара македонска „Јано мори“ и во еден момент застана и се слушна како нејзиното миленичка, мачка „пее“ заедно со неа.

Но, во еден од коментарите, Ани напишала дека пеењето го продолжува животот, па по тоа можеме да заклучиме зошто нашата пејачка толку ја сака оваа професија.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.