Naslovna Zivot Вера Мештеровиќ ова го изјави за своите деца, еве каква мајка е...

Вера Мештеровиќ ова го изјави за своите деца, еве каква мајка е нашата Мисица

Сите знаеме дека Вера Мештеровиќ е првата македонска Мис на Македонија која со својата убавина, нашата земја ја има претставувано во светот, а та во една прилика, таа на оваа тема изјави:

– Изборот за Мис во Индија најмногу ќе го паметам по тоа што ми даде друга визија и насока за убавината, односно дека не треба да се потпирам само на надворешната убавина и изгледот, туку да работам на себеси и да развивам други способности, убавина со цел.

Жал ми е што немаме толку години претставничка на најстариот избор за убавина во светот како што е Мiss World, бидејќи е одлична промоција за нашата земја од културен карактер, па и за туризмот“, рекла Вера во Женски магазин.

-На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок.

Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности кза да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре“; изјавила Вера Мештеровиќ.

Како што е познато, таа е сега водителка на Утринската програма на Канал 5, и ептен стана актуелна (повторно) откако секој ден се појавува на телевизија.

– Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.

Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…

Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.

Нешто што прво ми падна на памет се чевлите со поширока потпетица што тогаш беа во тренд, а гледам дека и денеска се враќаат на модната сцена“,се присети Вера.

Кај неа на гости во Канал 5 биле дуото Александар Митевски и Драган Спасов- Дац и Вера објавила една убава слика со нејзините гости, па напишала: Со вакви гости утрото и денот многу убаво започнуваат.

Како то е познато, Вера е посветена мајка, па во една прилика има зборувано за своите деца, Андреј и Јована, и во таа прилика, за своите најмили Вера кажа:

– Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт.

Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици.

Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите.

Да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат…

И да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото. Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“, рекла Вера.