Naslovna Zivot Ване Маркоски стаса до врвот, ова е неговата животна мотивација (ФОТО)

Ване Маркоски стаса до врвот, ова е неговата животна мотивација (ФОТО)

Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.

Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване реши друштво да му прави едно кученце. Имено, Ване истото го спасил од улица, ии го земал кај него дома.

Откако го прибрал, го нахранил и однел на ветеринар за да го излечи, по успешната мисија на спасување и рехабилитација, покрај креветот, сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.

Патем, љубимецот на Ване сега живее удобен живот и во секоја прилика е покрај својот месија, кој му подари втор живот – многу подобар и посигурен околку оној од улица, пишува Вистина.мк

-Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате. Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму.

А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание. Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.

На Ване му е многу важно да е во близина на луѓе кои што ги сака, па во еден негов статус на Фејс сподели дека пријателите се се’ што му треба.

Но, освен нив, најголемото време го посветува на своите кучиња кои не се двојат од него.

Ване на Фејсбук секогаш отворено пишува за своите случувања и мисли, а минатото лето рече дека периодов не бил многу добар за него. Но, тој објави и уште една новост летотот во 2022 година.

Со сликата која ја шерна, тој објави дека се сели, и тоа во едно од најелитните скопски места, а тоа е Сопиште и тоа најексклузивниот дел од ова во последните години, популарно место за живеење.

Ване инаку претходно живеел во Џевахир, високите згради во Скопје и од таму ставаше слики и сториња, а сега покажа слика со поглед на базен во неговата нова населба и на Фејсбук објасни:

– Денов и периодов, каша – попара. Но, ако нешто научив во животот, баш тогаш кога имаш најмногу искушенија, прави промени и не застанувај, бидејќи се си има зошто. Време е за нови убави спомени“.

– Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот.

Ми беа потребни мир и тишина. Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица.

Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште. Доволно беше само една посета таму.

Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, раскажал Ване за Женски магазин пред неколку месеци.

Секое утро, го гледаме на фреквенцијата на МРТ во Утринската програма, а за викендите, ги развеселува слушателите на Македонското радио, Радио 2.

Ване е искрен соговорник и вели дека оваа промена ја направил за мир во душата, а за далечината на работното место и за финансискиот аспект на живеење- зависи од тоа кој каков живот живее.

-Ако зборуваме од аспект на тоа што ми беше потребно за мир во душата, да, помирно е, иако не велам дека секој сака да е понастрана од градот.

Почист воздух, планина, тишина, тоа знам дека ми треба. За останатите материјални аспекти, секаде може да биде исто или различно, во зависност од тоа каков живот живееш“, вели Ване за истиот магазин.

Тој сега покажа дека стасал речиси до врвот, поточно блиску до врвот на Водно, со својот велосипед. На ниту еден човек не му лесно да стаса до врв- било каков.

А, Ване од рано наутро, со својот велосипед, мотивиран од здравиот живот кој го води, се качил на врвот над Скопје, а ниту лошото време не го спречило во тоа.