Нашата убава водителка Ведрана Ѓоревиќ која претходно беше и манекенка, со манекенство почнала од 17 години.
Нејзиното ог-нено крштевање било на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.
Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами.
Ведрана Ѓорѓевиќ која има 35 години, е во топ-форма и импонира со својата висина од 183 см, елоквентност и атрактивност.
Иако смета дека естетските интревенции се веќе секојдневие и кај нас, таа е вљубеник во тетоважите кои ги покажа како манекенка- невеста на еден од Саемите на венчавки во Скопје.
– До сега имам направено 4 и мислам дека нема да застанам тука, но ги правам дозирано на неколку години по една. Првата ја направив на 18 години, а последната пред 6 месеци. Сите ми ги направи Боби Гроф.
Често пати се случувало да ставам нешто за кое што за среќа ме премислувал и можам да кажам дека доста ми помага во изборот и секогаш се консултирам со него како да направам нешто и дали ќе изгледа добро, сепак тој е професионалец.
Треба да ги слушаме професионалците, секој во својата бранша нели?, изјавила за Женски магазин таа.
– Првата тетоважа ми се букви ,,Independent“ или независна… Тоа не се промени до ден денес. Многу ми е важно да сум независна и слободна, сепак сум Риба а рибата е најсреќна само кога може слободно да плива.
Втората е „Be yourself“ со пердув која што на некој начин е продолжение на независна.
Што и да правиш во животот и за што и да се одлучиш да го живееш животот биди тоа што си, и немој да се изгубиш себеси во процесот на растење и живеење.
Третата ми е Карт ана -светот на стапалото, едноставно е…. Обожавам да патувам, со секое патување сум се побогата, а овие стапала ќе го прошетаат светот.
Четвртата и последна за сега тетоважа, уште не сум ја промовирала.Направив крила на долниот дел на грбот, веројатно како локација немаше никогаш да го изберам тоа место“, изјавила Ведрана.
Неодамна, Миро Кацаров најави дека по три сезони како водителка на шоуто „Голден карпет“, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ си заминува од шоуто кое се емитува на ТВ Канал 5.
Мирослав Кацаров останува домаќин на емисијата, и вели дека секоја недела, со него ќе има различна водителка.
Тоа ќе бидат познати и успешни жени од разни области: пејачки, водителки, манекенки, спортистки, ни најави Кацаров.
– Ведрана си замина своеволно, немавме никакви несогласувања или кав ги, таа едноставно така реши и јас тоа го почитувам.
Сепак, имало ситуации кога сме имале различни ставови, но тие несогласувања и ситни кавги вешто ги криевме од гледачите, јавноста никогаш не забележа.
Не сме согласувале обично околу гостите, темите за разговор или игрите“; изјавил Кацаров за Женски магазин, а Ведрана на истата тема додала:
Слушнав некои чаршиски муабети, дека со Миро сме скарани, но тоа не е точно. Причината поради којашто си заминав е друга, финансиски не бев задоовлна од од проектот, затоа решив да си заминам.
Со Миро останувам во пријателски односи, му посакувам успех со новите водителки“, изјавила Ведрана Ѓорѓевиќ.
Ведрана, откако си замина од емисијата и се раздели со Миро, сега е во рајот, и објави слики од многу егзотично место. Ведрана на сликите се релаксира на базен и изгледа топ.
Таа одмара на Бали, во Индонезија, таман како бегање од врнежливото време кое ја зафати Македонија и регионот деновиве. Оваа наша згодна водителка живот си живе на топло, алал да ѝ е.