Снеже Велков, некогаш водителка на популарното „Ред хот” шоу, денес е автор на емисијата „Нешто конкретно”, објави Репортер во една прилика за нашата позната водителка.
Една од ретките кои секое утро стануваат во 6 и пол за да ја извози дневната рута со велосипедот на кеј на Вардар.
Таа долго време е инструктор по пилатес, а на Инстаграм преку своите видеа ги мотивира сите оние на кои им треба ветер во грб за да почнат да се грижат за сопственото тело.
„Јас сум од оние не како да се натерам да вежбам, туку како да престанам да вежбам”, вели Снеже.
Поради литературниот јазик на кој зборува ретко кој знае дека е од Македонска Каменица. Во Скопје дошла кога се запишала во средно Медицинско оти нејзините сакале да биде докторка.
„Јас пак уште од Каменица знаев дека сакам да бидам на телевизија”, раскажува таа. Кога од родниот град дошла во Скопје не било лесно на новиот начин на живот.
„Во Каменица нема ни семафори, ниту натпревар за облекување. Дење ги броев станици каде да се симнам од автобус, а ноќе ми беше страв дека ќе ме нападне некој”, раскажува таа и додава:
-Јас решив да ги прифатам правилата на големиот град и прво решив да зборувам не скопски туку литературно, оти во тоа време секое зборување на дијалект беше ‘ти си од провинција’”, низ насмевка раскажува Велков за „Репортер”.
– Дваесеттите си постојат за да бидат токму тоа дваесетти, тогаш можеш да лудуваш, да правиш грешки, да експериментираш, да носиш одлуки за кои и да сносиш последици нешто многу не си засегнат.
Слободен си да си тераш по свое а и да згрешиш имаш доволно време да ги поправиш нештата.
Во четириесетите пак си имаш одговорности, возраст кога не бива да се однесуваш детски, имаш знаење кое те ограничува да правиш глупости и доволно искуство да не мора да експериментираш.
Од друга страна веќе си изградил некоја слика за себе во околината и добро би било да се држиш до неа или да ја надоградуваш, не бива да се руши.
А ако зборуваме за енергијата ја имам за тоа што мене ми одговара, не си ја расфрлам на неважни работи како порано. Чувам и живци и енергија само за работи кои навистина вредат.
Можеби сè уште се двоумам во тоа што точно сакам ама знам точно што не сакам!“, изјавила Снеже во едно интервју за Женски магазин, а потоа додала:
– Мојот профил постои за мои цели и идеи.Тука си ја споделувам креативноста, пишуваниот збор, прочитаните книги, рецепти, моите начини на себемотивација и вежбање, со надеж дека тргнувајќи од себе некому можам да му бидам мотивација или инспирација.
Комуницирам со оние кои ме следат, со пријателите и колегите. Инстаграмот ми е задоволство пред сè, мое место за мои приказни, да кажам нешто јасно и гласно а да си бидам свое на своето.
Не ми е извор на заработка а верувам дека е одличен начин за да се стигне до приходи“, рекла Снеже и потоа кажала нешто за својот сопруг:
– Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето. Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед…
Подоцна дознав дека неговото гостување било договорено со мојот тогашен продуцент, бидејќи Дарко ме видел на телевизија и си посакал да му бидам девојка, не било ништо случајно ни судбинско.
Јас за кратко после неговото гостување заминав за Перуџа, Италија, како стипендист на катедрата за Италијански јазик и книжевност, престој кој траеше месец дена и тоа беше фин тест за тоа дали може нешто да се случи меѓу нас…
А, признавам имав една одлука додека бев во Италија дали да заминам за Рим или да се вратам во Скопје. Го одбрав Скопје, сè понатаму е приказна која трае веќе 18 години“, изјавила оваа наша позната водителка.
Снеже се огласи на својот Инста профил со стори, и откри дека не била добра изминатиов период, и тоа го објасни во сториот и напиша:
-Само да се пријавам, жива сум. Троа не бев арна ама сега се оправив. Херпесот ми остана како наследство“, напиша Снеже Велков.
Потоа, таа кажа дека работи и покрај тоа што не била арна и напиша: Што знае работата што е намален имунитет , херпес и вируси- објави Снеже и шерна како ја подготвува нејзината емисија „Нешто конкретно“.