Кристина Димитриевска станува сѐ поатрактивна не само физички, туку и за јавноста и медиумите…
Таа е посветена мајка на синчето Давид, а многумина ѝ се чудат како ѝ успева да постигне сѐ на професионален, но и на приватен план каде што ја има најубавата „работа“ на светот, а тоа е да биде мајка.
Таа на ова секогаш одговара дека со добра организација, сѐ се постигнува.
По разводот со Даниел Кајмакоски, таа со особено внимение им се посвети на сопственот живот и кариера, пробивајќи се на голема врата меѓу познатите и популарни личности.
Од песна до „cat walk“ на модната писта и позирање пред фотообјективот, Кристина и приватно и професионално, најдоброто од себе реши да го сподели јавно.
Така, јавноста дозна многу нови работи за неа, од титулите за мис до „преку ноќ“ новосклопените пријателства со регионалните ријалити и музички ѕвезди како Гастоз или Саша Ковачевиќ, на пример.
Сепак Убавицата својот љубовен живот се трудеше да го држи понастрана, вешто криејќи го. Деталите од нејзината љубов, тешко излегуваат јавно на површина.
Но, острото око и интуитивното чувство на добрите познавачи на естрадните прилики знаат дека и најмалиот детал е „знак“ кој ја претскажува приказната…
Особено ако е љубовна, па таа љубов била само пријателска, привремена, повремена или… постојана!“, обајви Курир во една прилика за Кристина.
Кристина Димитриевска смени професија, таа освен што беше манекенка, па пејачка, инфуенсерка, стана и водителка на Канал 5.
Беше водителка на емисијата „Голден карпет“, која ја води Миро Кацаров, а се емитува на Канал 5 телевизија.
Беше облечена во чипкасти целосни пантолони и разговараше со гостите, а во еден момент се отвори и за себе и рече дека за сѐ ја бива.
-Мене за сѐ ме бива, можам да бидам и водителка, и пејачка, и мајка. Само што дома ме критикуваат,“ кажа Кристина во Г Карпет, во улогата на водителка.
Кристина Димитри е посветена мајка на синчето Давид и во секоја прилика кога гостува во некоја емисија, го споменува.
Но, откога Даниел се ожени по вторпат, очигледно е дека хејтерите се дрзнуваат да ѝ кажат сѐ и сешто на пејачката, па таа на Инста стори објави што кажале за нејзиниот син и за неа.
Извесен профил, за кој Кристина вели дека е лажен ѝ напишал:
„Хахаха многу ли е љубоморна Кристинче што нејзиниот син сега ќе има полубрат или полусестра?“
А Кристина вратила: „Горе стојат дел од гнасотиите што некоја болесна особа ги пишува на луѓе од мојата фамилија.
Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови, жени… тоа е негов живот.
Јас и мојот син живееме наш живот 5 години (а тоа е етапа на која пред исто 5 години ЈАС ставив крај!) и немаме никаква врска со животот на мојот бивши маж.. толку од мене на оваа тема.
Порано знаевме кој е „пси хички болен“ сега е масовно… Не е срамота да побарате помош од психолог и психијатар…
Срамота е да правите лажни профили и да се мешате во туѓ живот. Недела е луѓе, ручајте со најблиските.
Ви праќам љубов во вашите срца полни со мржња,“ напиша Кристина која се гледа дека ќе направи сѐ за своето синче, како секоја мајка.
Кристина неодамна искрено проговори за првиот впечаток кој го имала за нејзиниот поранешен сопруг, во споредба со сегашното мислење.
„Пред неколку години првиот впечаток ми беше дефинитивен – тоа е тоа, леле добар човек, сега го немам тоа мислење, ми требаше време и сето тоа го прави искуството.
Да не паѓаш баш на прв впечаток, за физички изглед или ти се свиѓа или не, ама за карактерот треба да оставиш да се докаже“, кажа таа во емисијата Нешто конкретно.
Јасно стави до знење и за тоа каков маж не може да ја освои: „Како моите досегашни бивши на пример“.
Она што е интересно кај Кристина е тоа што таа станува сѐ попрепознатлива не само во Македонија, туку и на Балканот.
Таа неодамна беше во друштво на фолк ѕвездата Сузана Манчиќ, а Кристина и Сузана го овековечија тој момент со прекрасна фотографија.
Двете пејачки беа гостинки на ТВ проект кој е во најава и кој наскоро ќе се емитува во медиумскиот етер.
Кристина ја опишала Манчиќ со еден збор кој кажува многу за нејзиното мислење кон неа, а тоа е „Убавина“. Ова Кристина го напишала на фотографијата која ја објавила со Манчиќ.