Илина Арсова, нашата позната алпинистка неодамна за Женски Магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.
Исто така, ја долови важноста и интересниот дел од нејзината работа како професор, а откри и за животот во малото студио со позајмен телефон.
Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години. Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди онлајн и да не морам да бидам физички присутна.
Но, со позицијата како професор со полу-работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде. Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.
-Се обидувам да ги запазам истите практики како и во Македонија. Така што кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели.
Но, имам и доста работа за факултет. Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам. Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега.
Така што патувањата ми се сèуште приоритет. На пример, сèуште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио.
Сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била.
Така во овие четири месеци веќе имам посетено 3-4 природни и национални паркови, и барем 4 нови држави во САД. (Кентаки, Вирџинија, Невада, Каролина, Тенеси)“, рекла Илина.
Илина Арсова и Игор Џамбазов беа во голема љубов последниве три години. Игор Џамбазов во интерву за „Слободен печат“, кажа дека тие веќе не се заедно, затоа што Илина замина во Америка на докторски студии, и таму ќе остане затоа што добила работа.
Инстаграм страницата Македонска поезија објави песна од Игор Џамбазов кој тој ја има напишано одамна, а се вика „Шарениот шал“ и е со вистинита приказна, а приказната тој ја раскажа во една прилика.
Игор Џамбазов раскажа за својата најголема љубов, а песната „Шарениот шал“ е всушност наменета за неа. Познатиот актер и шоумен на водителот на шоуто му откри дека песната „Шал“ ѝ ја посветил на својата најголема љубов.
„Има една песна, се вика „Шал“. Тоа е песна за една од моите најголеми љубови која пред три години го напушти овој свет.
Ќе ја кажам приказната што никогаш досега не сум ја кажал. Се викаше Тања Кочишка, беше една од најубавите жени што до сега воопшто Скопје ги имало.
Песната е направена во време кога таа и јас започнувавме врска. Така некако се испраќавме, и песната се случи во една студена скопска зимска ноќ кога јас и таа во знак на некоја наша иднина си ги разменивме шаловите.
Јас ѝ дадов еден машки шал, а таа ми даде еден шарен женски шал што јас, иако беше женски го носев најмашки на свет. И ете, од таа наша прва средба, стиснати во влезот настана таа песна.“
Ова го раскажа Џамбазов за својата прва љубов која живеела во близина на Драмскиот театар каде што тогаш работел, но за жал таа веќе не е меѓу нас, пред неколку години го напушти овој свет.
Илина често е активна на својот Инстаграм и ги споделува своите секојдневни активности. На последното стори, таа се пожалила од една работа во Тенеси, што многу ја потсетила на Балканот. Еве за што станува збор:
„Жал ми е што ќе го кажам ова, но студентите не ги бива во возење. Честитки за неколку исклучоци, но повеќето се разгалени деца со големи, модерни коли кои паркираат на пешачки, прегазуваат пешаци и велосипедисти и не им гајле за тоа.
Се чувствувам како на Балканот,“ напишала Илина на англиски.