Naslovna Zivot Живкица се потсети на мајка сѝ – ја направив твојата торта со...

Живкица се потсети на мајка сѝ – ја направив твојата торта со малинки…

Години наназад, Живкица Каленикова е познато Тв лице, и луѓето ја познаваат по нејзинипто брзо зборување.

Сега таа ја води емисијата го води „Жилет шоу“, како продолжение на емисијата „Тунел“. Со своите гости, луѓе од ранливи категории, успеа да ги наметне темите за кои ретко се зборува на глас.

Вели, луѓето имаа потреба да го кажат она што ги мачи, оти животот не е само среќа и патување.

„Јас немав никој во семејството кој има врска со телевизија или медиуми. Сè почна со Зимската рекреативна програма кога бев седмо одделение. Еден ден дојдов на врата и им реков: ‘Здраво, јас сакам да работам тука’.

Во тоа време не ти требаа врски за да бидеш некаде. Подоцна се отвори шансата и со Третиот канал. Тоа беа убави времиња.

Памтам, добивавме писма од секаде, од обожаватели, ги отворавме во редакција, тоа многу ме правеше среќна“, раскажува Живкица за „Репортер“.

И нејзината лична приказна како да се вклопи во некои од оние за кои зборуваше во „Тунел“.

Во неполна година ги загуби двајцата родители, објави Репортер во интервјуто кое е правено со Живкица а таму познатата новинарка раскажала се за нивната загуба.

– Нема случјаности, денес е нејзиниот роденден. Тоа не е момент кој се пребородува. Се научувате да живеете со една таква болка.

Тоа што сум мајка, од друга стрна ми дава една друга сила, да се фокуссирам и да се насочам во животот, односно да ја собирам силата и енергијата за тие што се тука, како што некој бил за мене.

Утеха се моментите на среќа и исполнет живот којшто сте го имале, среќна сум што сум растела безгрижно, и што сум имала мајка особено лавица.

Тука бил татко ми, но мајките мислам дека имаат дна друга улога во животот на децата, и нивното присуство е многу поразлично.

Беше исклучителна жена која навстина живееше за децата и за нејзиното семејство. И сум среќна што сум растела во таква средина каде што некој постојано ме мислел. Многу ми помогнала за децата, двајцата мои родители, тројца беа, мали беа, во брзо време родени.

И исклучително бев благословена што ги имав во тој период од животот. Неизмерно ми недостасуваат.

Но, веројатно, тоа е што велат- ова ме освести и созреа на еден друг начин. Она што го слушаме, циклус на живот, одиме, доаѓаме и така натаму, сега го сфатив.

И сфатив дека животот е вистина да се живее, да бидете со широко срце, да подаватев рака, да бидете тука за вашите блискуи, и да го дадете вашиот максимум во позитивна смисла нели, да ја остварите својата мисија овде на земјата.

Живкица е означена во објава која ја има напишано нејзината сестра и се однесува токму на нивната мајка, за ден кој и бил посебен на неа.

– Денес е твојот ден, а ти си со нас во мислите. Ја направив твојата торта со малинки. Внуците ја препознаа “Тортата на нанче”.

Едноставна, ама највкусна. Додека ја правев спомени ме преплавија од нашите заеднички кулинарски дружби и се сетив колку “те нервираше” мојата пипкавост и што мора шлагот да е перфектно намачкан, што месам тесто со лева, наместо десна рака.

Ти велеше најсовршено е она јадење кое е зготвено со многу љубов, а не дали е до перфекција украсено и послужено во скапи садови.

Ги сакаше своите родендени прославени заедно со твоите 4 мускетари.

Денес славиме за тоа што ни беше мајка, што ни подари живот, љубов и прекрасни спомени. Фалите бескрајно. Среќен роденден мама“, стои во оваа објава.

-Сигурна сум дека горе ја прави највеселата забава , гласот нејзин до овде го слушам , а мирисите на нејзината софра се ненадминати . Среќен мама , само кога би знаела колку ни недостасувате“, искоментирала Живкица на оваа објава.