Naslovna Zivot Една година откако ја победи болеста, оваа наша позната дама денес ужива...

Една година откако ја победи болеста, оваа наша позната дама денес ужива во животот, на рајско место, далеку од Македонија

За Александра Шијаковска се знае дека е една од најмодерните девојки на социјалните медиуми и една од најпопуларните кај нас на Инстаграм.

Нејзиниот Инстаграм профил брои повеќе од 63 илјади илјади следачи, а секоја нејзина фотографија добива по илјадници лајков“, објави Мета.мк во една прилика.

На нејзините фотографии секогаш можат да се видат исклучително креативни модни комбинации, а за време на пандемијата оваа креативна девојка брзо се адаптираше и продолжи со објавување одлични фотографии од по дома.

За својот профил вели: „Реален профил на македонска блогерка.

Ако нешто се трудам на профилот, тоа е да споделувам реални работи од секојдневието и да ги поттикнам луѓето да се гордеат со тоа што го имаат колку и да изгледа тоа малку во споредба со другите, да не се срамат од каде потекнуваат, да го ценат своето семејство и вистинските вредности.

Исто се трудам цело време да сум позитивна и да насмеам некој барем на кратко (иако и јас како сите нормални луѓе имам проблеми, лоши денови и не сè ми е совршено).

Како си го исполнуваш времето, ја прашале во ова интервју за Мета.мк, а Пијаковска одговорила:

– Книги, креирање контент за инстаграм, кафе со семејството, научив и палачинки да правам, за тие што не ме знаат готвењето ми е најслабата страна“, рекла Шијаковска.

Потоа ја прашале кои ѝ се омилени песни, а таа кажала дека слуша постара музика, и тоа македонска, која некогаш се слушала и сега се уште се слуша.

-Не можам да кажам само една затоа што слушам буквално сè, немам омилена песна. Денес слушам една, утре ќе слушам друга и така. Последно ги преслушав некои од македонските артисти како Врчак, Јован Јованов и сите тие кои ги слушавме пред десет години (тинејџ години)“.

Инфлуенсерката Шијакоска минатата годиона во видео обраќање на Инстаграм рече дека ѝ е откриен ту-мор на главата, и доби голема поддршка од сите кои ја следат.

Таа потоа со стори на Инстаграм се огласи од болничката соба по опе-рац-ијата.

Шијакоска рече дека интервенцијата поминала во најдобар ред, дека закрепнува и чека уште некои испитувања и резултати.

Рече дека нема потреба од грижа, бидејќи најло шото е позади неа и се заблагодари на сите кои ѝ помогнале и се понудиле да ѝ помогнат, „никогаш нема да заборавам ни јас, ни Господ“, напиша таа.

-Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Јас сум убедена дека се’ се случува со причина.

Мене животот ми даде уште една шанса да живеам и да се разбудам… Ќе ја оправдам таа шанса. Не го зимајте животот здраво за готово- рече инфлуенсерката минатата година.

Ова тешко поглавје сега е зад неа, и таа е сега на едно супер патување, и тоа на Маурициус. Со неа заедно е и Тамара Тодевска, како и Лила Филиповска..

А таа покажала во каков рај ужива во своите сториња и објави и напишала: Фала што се радувате за мене.