Naslovna Zivot Дац стана дедо, еве какво интересно име доби внуката и што ѝ...

Дац стана дедо, еве какво интересно име доби внуката и што ѝ порача

Нашиот познат актер Драган Спасов- Дац неодамна објави слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика.

Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша: Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Еден од нашите најпознати актери, во последно време, те актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Дац и Александар Митевски ќе одржат концерт на 8-март во Драмски театар, и тоа ќе биде едно ин тимно дружење, а по тој повод, во Слободен печет изјавиле:

– Во „Драмски“ за 8 Март подготвуваме амбиент за лежерна, опуштена атмосфера за дружење со нашите почитувачи.

Во првиот дел на овој настан, со нашиот бенд подготвивме букет од љубовни песни (наши авторски песни, омилени македонски и ЈУ шлагери) кои со неколку наши специјални гости ќе ги запееме заедно со нашата верна публика.

Во вториот дел, сите присутни (a владее голем интерес за обезбедување на билети за овој настан) во една нетипична клупска атмосфера, во фоајето на „Драмски“ ќе уживаат во нашата музика со специјална закуска и одбрани пијалаци.

Дел од овој наш нетипичен перформанс ќе биде насочен и за хуманитарни цели, имено, ќе се донираат средства за две семејства кои имаат потреба од подобри услови за живот.

Целиот настан ќе трае минимум три часа и е предвиден за 300 луѓе (колку што дозволува просторот) и тоа ќе биде една тет-а-тет интимна музичка дружба со нашата публика и затоа велиме дека „нема реприза“.

Веќе приближно половина капацитет е исполнет од првите денови од нашата објава на настанот до сега..

Во целата идеја и реализација на настанот ни помогнаа и неколку наши компании и пријатели кои ќе ги објавиме и ќе им се заблагодариме на концертот. Ќе биде тоа еден 8 Март кој ќе се памети“; изјавиле тие.

Минатата година, синот на Дац, вчера Јаков стапи во брак со својата избраничка Софија.

Свадбената прослава се одржала во познат скопски ресторан со добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување.

Забавата, секако, не можела да помине без легендарното дуо Дац и Александар Митевски кои застанале на сцена и отсвирале дел од нивните хитови.

А Дац на својот Фејсбук профил се пофали со ептен убаво вести, тој стана дедо и на многу емотивен начин му посака добредојде на својата внука.

– Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна…

Така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест. Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ.

Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

– Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека… Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите, и веѓите и трепавиците.

Ќе ти го сакам грлото, и плачот и гласот. Ќе ти ги сакам прстињата, и рачињата и ноџињата Ќе ти сакам се’ а најмногу добрината! Твојот дедо Дац“, стои во оваа објава.