Naslovna Zivot Водителката Милена се јави од кај нашиот познат доктор, објави важно инфо...

Водителката Милена се јави од кај нашиот познат доктор, објави важно инфо (ФОТО)

Во една прилика, познатата водителка Милена Станковска за порталот „Еспресо“, раскажала како го запознала својот сопруг Гордан Станковски.

Тие денесе имаат две ќерки, Лана Марија која има пет ипол години, и малата Јоана која наполни една, токму на празникот Василица, а постарата исто така се роди на празник, на 28 август.

Таа читателите реши да ја сподели приказната околу тоа како се запознала со својот сегашен сопруг Гордан. Искрена како и секогаш, Милена се присети како се запознала со својот сакан.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од три години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – вели Антовска.

Сега, Милена за еден свој обичен ден вели дека ѝ е „турбо“, откако е мајка на две ќерки кои се со разлилна возраст и различни потреби.

-Еден обичен ден е турбо, хаха. Станувам сабајле, ја спремам Лана Марија, ја носам во градинка и продолжувам на работа. Јоана уште не оди во градинка, ја чуваат или моите родители или свекрва ми.

Завршувам со работа и некои други обврски што ги имам надвор од телевизија, па ја земам Лана Марија од градинка и доаѓаме дома.

Потоа, или дома играме нешто или ни доаѓаат гости или ние заминуваме некаде, зависи од денот и од ангажманите“, раскажала Милена за Еспресо.

Сега, таа гордо вели дека си ја вратила посакуваната форма, и тоа без многу труд.

– Леле да, се вратив во форма, и дури не ми се верува дека без посебна диета или вежбање сум супер сега. Само што престанав со доење, телото ми се врати во првобитна состојба за среќа“, низ насмевка раскажува Милена.

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.

Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение.

Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

Милена е доста активнa на социјалните мрежи, како на фејсбук, така и на инстаграм каде што објави фотка и напиша:

-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓудругото ми треба и за работа…

Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене.

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!

Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење. Но, човек учи додека е жив нели“, напиша Милена.

Сега, таа била во друштво на еден наш познат доктор, а тоа е Нико Беќаровски со него разговарала на многу важни теми кои ги објави на своето инста стори.

И двајцата изгледаат среќно и насмеано на оваа слика, а сето ова значи дека Милена завршила добра работа- тоест дека д-р Беќарски бил добар соговорник.