Naslovna Vesti Виктор Трифуновски кој живее во Чикаго, објасни како Америка на времето ја...

Виктор Трифуновски кој живее во Чикаго, објасни како Америка на времето ја решила цената на лебот

Владата во намера да ги заштити граѓаните, ја ограничи цената на лебот. Произведувачите пак, престанаа да вршат достава, велејќи дека не им се исплати по таа цена да работат.

Виктор Трифуновски живее во Чикаго, САД, важи за добар економски познавач и често гостиува на нашпите телевизии.

Тој во статус на социјалните мрежи, објасни како САД се справиле со една ваква криза, потенцирајќи дека пристапот на Владата е погрешен.

„…Зима 1777 година, втора година од Американската Револуција против Британските Колонисти. Контитенталанта армија на Џорџ Вашингтон е концентрирана во Пенсилванија, и се соочува со катастрофално лоша логистика, особено со недостиг на храна.

Големото присуство на војска ја зголемува побарувачката за храна, особено за житни производи, брашно и леб…чии цени растат со неверојатна брзина.

Во Март 1777, откако ја превзема власта во Пенсилванија, новиот Гувернер Thomas Warton Jr. воведува контрола на цените на лебот, житото и брашното…подоцна и на други продукти.

Ситуацијата се влошува до таа мера, што војниците почнуваат да ги јадат кожните делови од воената опрема, ловат глодари и птици, и се почесто влегуваат во конфликт со локалните фармери.

Поради политичката контрола на цените, фармерите почнуваат житото да го продаваат надвор од Пенсилванија, дел од нив ја напуштаат Пенсилванија, додека останатите се помалку се одлучуваат на производство на жито и останати производи чија цена ја контролира државата.

Понудата на храна дополнително се намалува, гладот зема уште поголем замав, дел од војниците поминуваат и по неколку дена без никаков оброк.

Разочаран од целата ситуација, Вашингтон бара од новиот Гувернер на Пенсилванија да ја укине контролата врз цените. Во првите три недели од укинувањето на контролата Јануари 1778, цените повторно растат со огромна брзина, но високите цени привлекуваат фармери и трговци од околните држави.

Привлечени од високите цени и добрата можност за заработка, бројни трговци и фармери доаѓаат да продаваат храна (особено жито и брашно) зголемувајки ја притоа понудата од ден во ден. Зголемената понуда ги соборува цените за помалку од еден месец.

Воодушевени од оваа ситуација, некои Генерали подредени на Вашингтон, дури дозволуваат отворање на пазари во самите воени кампови.

Понудата е дополнително зголемена, дури и проширена со нови производи, додека цените дополнително паѓаат. Во наредните неколку години, слична ситуација се случува и во државите Делавер, Њу Черси и Џорџија…и расплетот е ист.

Генерал Вашингтон никогаш немал поголеми проблеми со финансирање на континеталната војска, ама кога политиката ќе се вмеша, кога производството ќе ум ре…едноставно немате што да купите со Вашите пари, тие стануваат безвредни…а луѓето гладни.

Пред 250 години Американците сватиле дека СЛОБОДНИОТ ПАЗАР НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ГО ЗГОЛЕМУВА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД со континуирано зголемување на понудата и намалувањето на цените.

СЛОБОДНИОТ ПАЗАР носи капитал кој отвора работни места и ја поскапува работната рака.

Понатаму од профитот на СЛОБОДНИОТ ПАЗАР се плаќа данок, кој овозможува постоење на државните институции.
СЛОБОДЕН ПАЗАР, а не политички илузии и „види што ми текна“ закони.

Слободниот пазар го прават професионалните претпреиемачи, производителите и трговците, секој во својот сектор… а не државните бирократи.

200 години подоцна истото го сватија и Кинезите и останатите Азијати. Еве ги каде се денес, економски се посилни дури и од Америка.

После економските реформи, и пазарната либерализација во Кина на Ден Ксијао Пинг од доцните 1980-ти години, кинезите го живеат највисокиот животен стандард во нивната историја…сосема заслужено…“

Ова меѓудругото го пишува Виктор Трифуновски, кој важи за добар познавач на економијата и чест гостин во македоснки дебатни емисии.

Целиот негов статус, можете да го прочитате ТУКА