Naslovna Zivot Тијана се јави со важни вести, и претседателот на Србија е во...

Тијана се јави со важни вести, и претседателот на Србија е во приказната (ВИДЕО)

Тијана Дапчевиќ, познатата виолончелистка, пејачка но и актерка, позната по улогата на Ула во Преспав. Неодамна призна дека одамна не живее од пеење, туку од глума, но откри и дека има своја плантажа со ореви.

Се собираат ореви, во главно.. Првата берба и собирањето ќе бидат следната година“, изјави Тијана за својата плантажа во Шок ток задоволна што започнала нешто во животот што и причинува задоволство.

Тијана беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на „Преспав“.

Тијана рече дека било тешко да се снима во услови кога беше пандемијата, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.

-Многу беше ма чно, најмач но беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.

Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.

Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждр игне јас му викам:

Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.

„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и Васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.

-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.

Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мезе, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.

Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.

Тијана на својот Инста профил објави едно ептен интересно видео во кое таа кажува важни вести, во стилот на спикерките од телевизија, а во оваа приказна е споменат и претседателот на Србија.

– Добар ден почитувани гледачи. За почеток, најважните вести. Денес во нашата земја се одржува најгледаното музичко Тв шоу во регионот, кај нас, на РТС.

Вечерва е првото полуфинале, од 21 часот“,рече Тијана, а потоа се јави глас во позадина кој викна: Ја прекинуваме програмата, ја прекинуваме програмата..

Претседателот е на линија, го вклучуваме претседателот“. Тијана на ова одговори: Не, не, не, нека чека претседателот, има и кога богати.

Значи, ваше е со смс да гласате за бројот 4 од бројот 5556, значи на бројот 5556 гласајте за број 4 и тоа што повеќе пати. А сега, се селиме во Свилајнац“, рече Тијана.

,Потоа, повторно ја прекина глас: Претседателот е на врска… Тијана и ова го игнорираше и рече: Во Свилајнац на отврањето на спортскиот центар.

Тијана ова доста интересно видео всушност го направи за да објави дека таа ќе пее под реден број 4 на Евровизија, тоест српскиот избор за песната на Евровизија.