Валентна Ѓорѓиевска- Парго, нашата позната новинарка, секогаш има интересни приказни на Фејсбук, а една таква приказна раскажа во една прилика, минатото лето.
Фејсбук статусот на новинарката Валентина Ѓорѓиевска- Парго е вистинска приказна за тоа како таа од центарот на скопје, едвај стасала дома со својот повозрасен татко.

– Заврши Скопско лето. Одам со стар родител и такси до врата порачувам. Но, вечерва со него беше негов многу драг пријател и некако со муабет го поминавме мостот и седнавме на Кеј да одмори, се збуна не знаеше каде е.
Бидејќи тоа е карши Холидеј ин, од каде може да се земе такси или бус, само што стигнавме на станицата (јас со намера да го оставам татко ми тука во гтц на влез има убав сладолед да му купам и да фаќам такси)..
дојде 50-ка со летање, пријателот стрча ја задржа вратата и некако во брзина не викна да се качиме.
Се качивме буквално со висење, вратата се затвори уште недокачени. Не забележав ништо чудно, речиси сите возачи возат на тој начин, ко да сакаат да те згмечат со вра, среќен си ако се качиш безбедно.
Бусот леташе. Пред бензинската Макпетрол во Маџари нели треба да сврти на кај десно кај школото. Тој продолжи по автопат. Се чудиме сите почнаа да го прашуваат каде оди по автопат и зошто, тој уште толку додава гас и не кажува.
Имаше уште еден мост на кој се накачи и наместо да сврти десно кон Маџари , пак се спушти надолу кон автопат. Почнаа луѓе внатре да ври штат, едни млади девојчиња викаа..
Кај сме, прв пат доаѓаме наваму, треба на последна 50 ка да се симнеме, зошто сме на автопат…”…
Видов настана голема галама, возачот не даваше никаква информација, во еден момент кога ја отвори вратата, речиси во движење го симнав татко ми и јас слегов. На автопат. Еј.
Се качуваме на мостот. Татко ми не може да оди. Се вознемири. Едвај го носев. Плус несвесно ме кочи ме влече наназад, кичмата ми знае… Ни се пуштија кучиња. Немаше жив човек. Му велам само смирено и право.
Некако се повлекоа песојте. Стигнавме до една автобуска. Го седнав. Зад нас некој со пи ла моторна и со секира сечеше дрвја, во густо населено место со куќички . Имаше куп дрвја не можев да видам кој е што е…
Татко ми се довознемири од звукот на и сакав да се свртам да му речам да прекине, ама гледам нервозно ги сече дрвјата, си велам ќути трај, сек ира има овој во темницава .
Од дрвјата почнав да се гуш ам а спрејот го имав оставено/ заборавено во другата ташна. Почна и Татко ми да се гуши. Да се јавам на такси. Ми рикна мобилот.
Ми текна дека неговиот ги ставив во ранец. Се симна едно момче од бус му реков како да барам такси, каде сме.
Тој чита на автобуската горе и вели Маџари крстосница. Се јавив за такси . И велам на станицата Маџари крстосница кај Караџа, отспротива има перална.
Се изначекавме такси. Нема. Се јави од такси диспечерката лут а кај сме не не чекал таксито.
И велам на станица кај што ви кажав Маџари крстосница кај Караџа. Па тој ве чека на раскрсница. Ама јас ви реков крстосница (таа си превела раскрсница)… Ама тоа е кај бензинската (а бензинската најмалку 20 години е затворена).. Нејсе.
Дојде не зеде таксистот. Забележа дека сме вознемирени. Му кажувам за возачот на бусот не му се верува. Му велам пи јан беше сигурно, но по автопат каде ќе излезе, сега дури во населба Илинден може да се вклучи на пат…“, е дел од приказната која ја раскажа таа.

Сега, Валентина се јави со нова приказна на Фејсбук чиј очевидец била, за еден хуман таксист од Скопје на кој треба да му се честита.
– Наше такси, алал вера. И се слоши на една жена на Рекорд, немаше пари, еден скромен минувач рече тој ќе плати, но таксистот не сакаше да чуе.
Ја однесе жената во бо-лница. Браво“, стпи во статусот на Валентина која е потпишана како Валита Хефнер Кеидис на Фејсбук.